Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Оклахома го прегази Денвер, со +32 ја доби мајсторката (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Оклахома го прегази Денвер, со +32 ја доби мајсторката (ВИДЕО)
СПОРТ

Оклахома го прегази Денвер, со +32 ја доби мајсторката (ВИДЕО)

Објавено May 19, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Оклахома сити Тандер ги декласираа Денвер Нагетс во мајсторката и се пласираа во финлето на Западот. Седмиот меч од полуфиналната серија Тандер го добија со 125:93 (21:26, 39:20, 37:26, 28:21).

Денвер подобро влегоа во натпреварот, стекнаа двоцифрема предност, но играта им се распдна во последните 90 секунди од првиот период кога Јокиќ седна на клупата. Од крајот на првата и почетокот на втората четвртина Тандер направија серија 13:0 го презедоа водството и не го испуштија до крајот.

До финишот на вториот период Денвер некако се држеше на минуус од три поени, но Тандери со две серии од по 7:0, заминаа на полувреме со 60:46.

Ништо не се промени во почетната фаза од третата четвртина. По само две минути, Оклахома постигна девет поени и стигна до огромни +23 – 69:46. Третиот период Тандер го завршија со +25 (97:72), а кога по три минути од последниот период разликата надмина 30 поени, тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, ги повлече стартерите од теренот и реши да ја „испразни клупата“.

Оклахома доминираше во офанзивниот скок (15), со агресивната одбрана, особено над Јокиќ го натера Денвер на 23 загубени топки. Нагетс лошо шутираа за три поени, погодија само осум тројки од 42 одбини (19 отсто).

Шеј Гилџис-Александер го заврши натпреварот со 35 поени. Вилијамс постигна 24 поени со седум асистенции, а Холмгрен запиша дабл-дабл со 12 поени и 11 скока.

На другата страна, Никола Јокиќ запиша 20 поени, девет скока и седум асистенции, но вистинска поддршка доби само од Кристијан Браун (19 поени, четири скока, три асистенции), Џамал Мареј постигна 13 поени, со 30 отсто реализиција од поле. Арон Гордон се појави на теренот и покрај повредата, мечот го заврши со осум поени и 11 скокови.

Оклахома во финалето на Западот ќе игра против Минесота, серијата ќе започне во среда од 2.30 часто по македонски време.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ТФТ првпат ќе игра во финалето од македонскиот плејоф
Следна Статија Романците изгласаа проевропски претседател

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Далеку е Америка за Косово (ВИДЕО)

Koсово имаше историска шанса да игра на Светското првенство но не ја искористи. Вечерва во Приштина загубија од Турција, минимално…

March 31, 2026
СПОРТ

Хрватска ќе игра за светско злато, ја надигра Франција во спектаклот во Загреб!

Во фантастична атмосфера вечерва во Арената во Загреб, во првото полуфинале на СП, блескавата Хрватска ја победи Франција со 31:28…

January 30, 2025
СПОРТ

Македонските клубови ги дознаа можните противници во европските купови

Шкендија, Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа можните противници за првото квалификациско коло. Шкендија ќе стартува во Лигата на шампионите,…

June 17, 2025
СПОРТ

Роналдо остави малиот фан да се слика со него во тек на натпревар (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо вчера стигна до 906 гол во кариерата и 133 во дресот на Португалија на мечот од Лигата на…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?