Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток
ЕКОНОМИЈА

ОПЕК+ предупредува на трошоците за поправка на оштетените енергетски капацитети на Блискиот Исток

Објавено April 5, 2026 20:00
Сподели
Сподели

Осум земји што го сочинуваат јадрото на групата производители на нафта ОПЕК+ денеска изразија загриженост поради нападите на Иран врз енергетските капацитети и проблемите во снабдувањето со нафта поради војната на Блискиот Исток.

– Враќањето на оштетената енергетска инфраструктура до полн капацитет е скапо и трае долго, што влијае на целокупното снабдување, се вели во заедничка изјава по онлајн состанокот на Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман.

Тие, исто така, ја истакнуваат „критичната важност на заштитата на меѓународните поморски патишта за да се обезбеди непрекинат проток на енергија“ – алудирајќи на Ормуската Теснина, која Иран ја блокира како реакција на нападите на САД и Израел.

Овие земји членки на ОПЕК+ најавија дека ќе го зголемат производството на нафта во мај за 206.000 барели дневно.

Со оглед на блокадата на Ормуската Теснина, низ која минува околу 20% од глобалната трговија со нафта, овој потег е повеќе симболичен отколку практичен, бидејќи пазарот на нафта се соочува со проблем во снабдувањето, а не со недостиг на производство, семата Карстен Фрич, аналитичар во германската Комерцбанк.

– Голем дел од расположивата понуда на нафта моментално оди во Азија – во Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Азија моментално цица сè како правосмукалка, вели Фрич.

Според Меѓународната агенција за енергија, во март земјите во регионот на Персискиот Залив го намалија своето дневно производство на нафта за најмалку 10 милиони барели, или речиси 10% од глобалната побарувачка, наведувајќи го ограничениот капацитет за складирање на нафтата што не може да помине низ Ормуската Теснина.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Германија цените на горивата дивеат без контрола: Дизелот достигна цена над 3 евра за литар
Следна Статија 15-годишник во Кочани силувал малолетник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Уште еден месец за исплата на К-15, казните за работодавците до 3.000 евра

Компаниите и јавниот сектор до крајот на месецов имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени.…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Можно е минимално поскапување на струјата

Од 1 јануари можно е граѓаните да имаат повисоки сметки за струја, но точниот процент на поскапувањето сè уште не…

November 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

РАСКОЛ ВО СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ: Георгиевски и Костадиновски разрешени од позициите потпретседатели

Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се отстранети од позициите заменик-претседатели на Стопанската комора на Македонија на седница на Управниот одбор…

August 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кој и како ја пресметува струјата, од ИРМ бараат објаснување од ЕВН

ИРМ бара објаснување од ЕВН кој и како ја пресметува струјата? Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?