Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна и богата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна и богата
СВЕТ

Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна и богата

Објавено October 6, 2024 20:15
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека сега е засилена десничарската група во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, и дека десницата се обединува во Европа, која, според него, кога ќе ја преземе политиката на ЕУ, повторно ќе ја направи Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна.

Нема да застанеме. На крајот на борбата, Париз ќе ја промени политиката, ќе ја вратиме Варшава и ќе станеме најголемата политичка сила во Европа. Тогаш ќе ја преземеме политиката на Брисел и повторно ќе ја направиме Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна, напиша Орбан на платформата „Икс“.

Тој истакна дека десницата не треба да се повлекува од Брисел, туку треба да го заземе и да им го врати на народите на Европа.

Орбан потсети на досегашните успеси на десницата во Европа, вклучувајќи ги победите во Италија, Холандија, Австрија и Чешка, како и формирањето на групата во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, која е трета по големина во ЕП.

Оваа група беше формирана во јули, по изборите за ЕП во јуни, и ја сочинуваат пратеници од партијата на Орбан, Фидес, францускиот Национален собир и белгискиот Фламански интерес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена предизвикала пожар додека готвела
Следна Статија Поплавата предвреме ги одвои од синот: Брачна двојка загина во Јабланица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Кличко: Украина можеби ќе мора да се откаже од територија за мир

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко за Би-би-си изјави дека Украина можеби ќе мора да се откаже од територија како дел од мировниот…

April 25, 2025
СВЕТ

Воената полиција совлада маж вооружен со нож пред канцеларијата на белгискиот премиер

Белгиската полиција утрово уапси маж вооружен со нож пред канцеларијата на белгискиот премиер во Брисел. Човекот со нож беше совладан…

January 6, 2025
СВЕТ

„Политико“: Рубио ќе биде со двојна функција најмалку шест месеци

„Политико“, повикувајќи се на тројца високи функционери на Белата куќа, објавува дека се очекува американскиот државен секретар Марко Рубио да…

May 3, 2025
СВЕТ

Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 100 години

Џими Картер, скромен земјоделец од Џорџија, кој како претседател на САД се бореше со лошата економија и заложничката криза во…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?