Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
СВЕТ

Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина

Објавено November 3, 2024 17:05
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека Европа ќе мора да ја преиспита својата поддршка за Украина доколку Доналд Трамп биде избран за претседател на САД.

Според Орбан, Европа „нема да може сама да го носи товарот на војната“.

Орбан се залага за мирно решавање на конфликтот и се противи на воената помош за Украина и јасно стави до знаење дека Трамп ги споделува неговите ставови и дека ќе преговара за мирно решение на конфликтот во Украина доколку биде реизбран за претседател на САД.

Унгарскиот лидер го поддржува американскиот републикански претседателски кандидат на претстојните избори во САД во вторник, на кои поранешниот претседател ќе се соочи со кандидатот на Демократската партија и американска потпретседателка Камала Харис.

Ние (во Европа) мора да сфатиме дека ако во Америка се избере претседател кој е за мир,… ако се случи она што го очекуваме и Америка се декларира за мир, тогаш Европа не може да продолжи да ја поддржува војната, рече Орбан.

Унгарскиот премиер изјави дека Украина ќе биде едно од главните прашања на агендата на европските лидери во Будимпешта оваа недела, мислејќи на состанокот на европската политичка заедница и неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

Европа не може сама да го поднесе товарот (на војната) и ако Американците прогласат мир, тогаш ќе мораме да се прилагодиме и токму за тоа ќе разговараме во Будимпешта, објасни Виктор Орбан.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во јули изјави дека унгарската влада гледа на Трамп како „шанса за мир“ во Украина.

Во четвртокот, Виктор Орбан имаше телефонски разговор со Доналд Трамп за да му посака успех на изборите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Починато лице пронајдено во мотел во Ѓорче Петров, телото на обдукција
Следна Статија Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид, бараат невладините

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Незапаметена трагедија во Индија, 10 бебиња изгореа во пожар во болница

Десет бебиња изгореа, а 16 се повредени во пожарот што се случил во петокот вечерта во болница во градот Џанси,…

November 16, 2024
СВЕТ

Анкета: Предноста на Камала Харис пред Трамп се намали на еден процент

Предноста на демократскиот кандидат на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, Камала Харис, е намалена на еден процент во однос…

October 30, 2024
СВЕТ

Детали за американскиот напад на Иран: Користеле и подморници, контактирале со Иранците со порака

Американски воени авиони и подморници нападнаа три клучни нуклеарни постројки во Иран во раните утрински часови во неделата, што ја…

June 22, 2025
СВЕТ

Трамп ги пречека телата на загинатите американски војници во војната со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги пречека телата на американските војници загинати во иранските напади врз кувајтските бази. Трамп, во…

March 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?