Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра
ХРОНИКА

Во грабежот на златарата во Гостивар, одземени 18 килограми злато во вредност од речиси два милиони евра

Објавено October 11, 2025 16:30
Сподели
Сподели

Осумнаесет килограми злато вредно околу 1,8 милиони евра украле четворица маскирани и вооружени разбојници синоќа во „филмскиот грабеж“ на златарница која се наоѓа во центарот на Гостивар.

Министерството за внатрешни работи информира дека вооружени со автоматско оружје, тие влегле во златарницата во близина на малиот пазар околу 18:45 часот и со закана по живот ја принудиле личноста да им го предаде златниот накит.

По извршувањето на грабежот, разбојниците побегнале со патничко возило „БМВ Х3“ без регистарски таблички. Околу 19 часот, полицијата пронашла опожарено возило со ист опис на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Гостивар, а при увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет.

Возилото е пренесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, по наредба на јавен обвинител, кој ја координира истрагата.

Станува збор за златарница во сопственост на С.Ж. од Гостивар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат и од Обвинителството информираат дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот со украденото злато.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Најважната битка од сите наши борби е борбата за стандардот и животот на луѓето
Следна Статија Мицкоски бара дијалог со сите општествени фактори: Не мислам на лидерска средба туку на мислења од академиците, професорите, младите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Kaвадаречко „бе-ем-ве“ многу бучело и правело „шлајвки“, полицијата го одзеде

На 12.03.2025 во 22.40 часот во Кавадарци полициски службеници од ПО БПС Кавадарци сопреле патничко моторно возило „бмв“ со кавадаречки…

March 14, 2025
ХРОНИКА

Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб

Основното јавно обвинителство Кавадарци повело постапка против две лица за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на…

February 16, 2025
ХРОНИКА

Охриѓанец проголтал опаковка со кокаин – итно бил пренесен во болница

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот М.Ј. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело…

April 30, 2025
ХРОНИКА

Непријавен накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го…

July 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?