Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охрид СОС: Во подножјето на Галичица се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Охрид СОС: Во подножјето на Галичица се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради
МАКЕДОНИЈА

Охрид СОС: Во подножјето на Галичица се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради

Објавено May 5, 2026 15:39
Сподели
Сподели

Во подножјето на Националниот парк Галичица, во некогаш зелениот појас на Бејбунар, богат со подземни води, забрзано се одзема буквално секоја педа за да се изградат што повеќе згради, една до друга, без каков било простор за урбано зеленило, или да се зачува барем она што останало. Деновиве, дел од просторот каде се наоѓаше механизацијата на Ј.П. „Охридски Комуналец“ е претворен во градилиште, за кое меѓу другото се сечат децениски стебла, информираат од Охрид СОС.

Додека ни го редуцираат зеленилото кое ни припаѓа, општинарите носат Стратегијата за развој на зеленило на Општина Охрид (2023–2032) со стратешка цел Охрид да стане одржлив „зелен град“, со мрежа на висококвалитетни и атрактивни зелени површини, што ќе придонесе за благосостојбата и здравјето на сите граѓани и посетители, притоа зачувувајќи ја животната средина и биодиверзитетот. Со стратешката цел, треба да се задоволи и законската обврска за 25 м² по глава на жител застапеност на зелени урбани инфраструктури. Каква иронија! Наместо атрактивни зелени површини, жителите на Охрид добиваат бетон. Огромни количини бетон.

Во Правилникот за урбанистичко планирање предвиден е оптимален стандард на застапеност на зелени урбани инфраструктури од 25 м² по жител. Но реалноста е далеку од оптималните стандарди. Секој жител на Охрид има само 1,6 м² зелена површина. Општината ни одзела 93.6% од она што ни следува и што е оптимално (не максимално) а ни оставила едвај 6.4%. Па после се чудиме зошто е воздухот загаден, зошто повеќе нема струење, зелени простори за одмор и рекреација.

Изминативе 25 години се изградени стотици згради и одземени се огромни површини зеленило, овоштарници, обработливо земјиште, блатни пространства. Во овој период не се подигнал нов парк, нов дрворед (овде не се сметаат исечените стари дрвореди и засадените мали стебленца на нивно место), нова зелена оаза, рекреативна зона. Зелениот појас по должината на кејот до каналот е подигнат во минатиот век. Денеска од него се одземаат сегменти за да се направат паркинзи за угостителските објекти. Реално, Охрид нема градски парк, налик оној во Скопје. Скоро секојдневно се сечат децениски стебла, се одземаат зелени површини. Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Охрид уште на почетокот на првиот мандат се заложи дека ќе работи на развивање на зелената агенда „Охрид зелен и хуман град“ со зголемена еколошка свест, така што ќе се зголемат зелените појаси во општината. Од тоа останаа само зборовите, а за време на неговиот мандат енормно се зголеми изградбата на висококатници. Се реализира токму спротивното од она што беше најавувано.

Градот Охрид спаѓа во средно големи градови. Процентот на препорачана вкупна застапеност на површини со зелени урбани инфраструктури треба да се движи од 14–20%. Според податоците на Државниот завод за ревизија процентот на планирано зеленило согласно актуелниот генерален урбанистички план на Охрид е под минимумот, односно 10,82%. Дополнително е утврдено дека во планските опфати на генералните урбанистички планови не е достигнат оптималниот стандард на застапеност на зелена урбана инфраструктура од 25 м² по глава на жител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рики Мартин ќе пее во Подгорица за 20 години независност на Црна Гора
Следна Статија Тројца полицајци добија условна казна затвор за „Пулс“ – обвинети за неизвршување службена должност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни…

October 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одлуката на САД за визниот режим е само за иселеничките визи, не и за визите за студенти, туристи и стопанственици

Соединетите Американски Држави ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите постапки за…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Во Штип работиме на ДУП за бањата Кежовица, очекувам браната Отиња да биде готова следната година

Во општиона Штип работиме на повеќе проекти, во финална фаза е изработката на ДУП за бањата Кежовица која што треба…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Половина од анкетираните млади се соочиле со корупција во образованието

Со некаков облик на корупција, најчесто во образованието – од поткуп за оценки до купување дипломи, се соочиле 54 отсто…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?