Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Папата Лав XIV го прими Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Папата Лав XIV го прими Зеленски
СВЕТ

Папата Лав XIV го прими Зеленски

Објавено May 18, 2025 17:17
Сподели
Сподели

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, кој денеска говореше на Плоштадот Свети Петар за „маченичката Украина“ и „исчекувањето на преговори за праведен и траен мир“, за првпат во приватна аудиенција го прими нејзиниот претседател Володимир Зеленски, во придружба на сопругата Олена.

Ви благодарам за трпението поради чекањето. Морав да ги поздравам сите делегации кои присуствуваа на инаугуративната миса, им рече папата дочекувајќи ги, се гледа на видео снимката што ја објави Ватикан.

На крајот на мисата со која беше одбележан почетокот на неговиот понтификат, на која присуствуваа и шефови на држави, вклучувајќи го и Зеленски, Лав XIV јавно ги изговори зборовите дека „Украина конечно чека преговори за праведен и траен мир“.

Украинскиот претседател на социјалните мрежи изрази благодарност на Неговата Светост за аудиенцијата.

За милиони луѓе ширум светот, Понтифот е симбол на надеж за мир. Авторитетот и гласот на Светата Столица можат да играат важна улога во доведувањето на оваа војна до крај. Му благодариме на Ватикан за неговата подготвеност да служи како платформа за директни преговори меѓу Украина и Русија. Подготвени сме за дијалог во секој формат со цел опипливи резултати. Ја цениме поддршката за Украина и јасниот глас во одбрана на праведен и траен мир, напиша Зеленски.

Претходникот на Лав XIV, папата Франциск, постојано се залагаше за мир во Украина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Таравари го одбра својот пат, ќе се обиде повторно да најде начин да влезе во коалиција со нас
Следна Статија Австрија победи на Евровизија 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Њу Араб: Асад наводно има повеќе од 55 милиони фунти на банкарска сметка во Лондон

Соборениот сириски претседател Башар ал Асад наводно има личен фонд вреден повеќе од 55 милиони фунти на банкарска сметка во…

December 15, 2024
СВЕТ

Стив Виткоф ќе се сретне со Володимир Зеленски за преговори за војната во Украина

Пратеникот на Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател и европски лидери во Берлин за да разговараат за најновиот…

December 14, 2025
СВЕТ

Јужна Кореја бесна поради рацијата во фабриката на Хјундаи во Америка

Јужнокорејскиот претседател Ли Џае Мјунг денеска наложи итна реакција по апсењето на стотици јужнокорејски граѓани во фабрика за батерии на…

September 6, 2025
СВЕТ

Трамп за принцот Вилијам: Тој е навистина згоден, имавме одличен разговор во Париз

Доналд Трамп откри дека принцот Вилијам му рекол дека кралот Чарлс Трети „напорно се труди“ додека продолжува со лекувањето од…

December 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?