Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер
МАКЕДОНИЈА

Петар Гајдов предлог за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер

Објавено March 25, 2026 17:43
Сподели
Сподели

Петар Гајдов, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје е предлог за нов директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, согласно предлог – одлуката што беше изгласана на денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски информираше дека за избор за заменик директор на Агенцијата, Собранието ќе објави нов оглас.

Тој извести дека го поништува огласот за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата и оти согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси ќе се објави нов оглас за избор на член на ДКСК.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата го повлече и извештајот за спроведена постапка по огласот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија што го избира Собранието.

Почетокот на седницата беше пролонгиран еден час, откако беше побарана пауза поради недостапност на предлог одлуката за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер на албански јазик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина 40-годишен маж – му се слошило додека бил на работното место
Следна Статија Тинејџер паднал од балкон на зграда во Карпош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Не е украдена камера на „Безбеден град“ во Сарај, тоа се лажни вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска ги демантираше информациите кои се проширија на социјалните мрежи дека е украдена камера…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Туристи плаќале и до 20 евра за влез на „Куклите“, тврди жител на Кратово

Жителот на Кратово, Марио Станојковски, преку објава на социјалните мрежи алармираше за, како што тврди, незаконска наплата на влез и…

June 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Системската корупција во голема мера е намалена, но не е уништена

Верувам дека оваа година е намалена системската корупција во голема мера, дали е уништена – не, но верувам дека од…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Излезеноста до 15 часот е 30,26 отсто

Државната изборна комисија попладнево на прес конференција посочи дека излезеноста до 15 часот e 30,26%. Вкупно гласале 208.571 граѓани. За…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?