Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пет нови авиолинии стартуваат ова лето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Пет нови авиолинии стартуваат ова лето
ЕКОНОМИЈА

Пет нови авиолинии стартуваат ова лето

Објавено May 21, 2026 10:16
Сподели
Сподели

И покрај неуспешните преговори со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата најави проширување на мрежата на авиолинии и воведување нови летови од скопскиот и охридскиот аеродром во текот на летната сезона. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека ова лето ќе бидат отворени пет нови дестинации, оценувајќи дека земјава бележи раст во авио-сообраќајот и покрај кризата со која се соочува глобалната авиоиндустрија.

Според него, државата останува подготвена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати услови што би биле на штета на останатите превозници и на државните интереси.

„Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но, не можеме да прифатиме уцени и барања за повисоки субвенции само за една компанија“, изјави Николоски.

Тој најави дека Austrian Airlines ќе воспостави директна линија Виена–Охрид, а во јуни ќе започнат и летови од Краков и Вроцлав кон Охрид. Дополнително, од скопскиот аеродром ќе се воведат две нови летни дестинации – Палермо на Сицилија и Алгеро на Сардинија.

Николоски посочи дека Македонија е единствената земја во регионот што отвора нови авиолинии во период кога светската авиоиндустрија се соочува со сериозни предизвици.

Министерот информираше и дека Wizz Air ќе стационира седми авион на скопскиот аеродром, а компанијата разгледува можност и за воспоставување база на охридскиот аеродром.

Во однос на резервите на керозин, Николоски рече дека државата располага со количини над законскиот минимум и дека состојбата е стабилна, додавајќи дека дел од регионалните аеродроми моментално се снабдуваат токму од Македонија

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сашко Кедев добитник на плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година
Следна Статија Шкендија ќе биде казнета за свирењето на химната од страна на Балистите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американските акции постигнаа рекордни нивоа додека инвеститорите преминуваат од технолошки сектор

Иако темата за вештачката интелигенција се доведува под прашање, другите сектори добро функционираат врз основа на отпорната американска економија и…

December 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Светот досега не видел ваква криза со нафтата и гасот!

Сегашната криза со нафтата и со гасот предизвикана од блокадата на Ормускиот Теснец е посериозна од кризите во 1973, 1979…

April 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе има значителни намалувања во Новогодишната кошничка, најави Ристески

Новогодишната кошничка се подготвува, ќе има значителни намалувања, со цел да се заштити стандардот на граѓаните, најави денеска заменик министерот…

December 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата вртоглаво расте

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат со вртоглавиот раст, а минатата недела на лондонскиот пазар беше забележан скок од…

March 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?