Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Писателот Јованоски: Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона – не фрлајте отров по охриѓани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Писателот Јованоски: Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона – не фрлајте отров по охриѓани
МАКЕДОНИЈА

Писателот Јованоски: Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона – не фрлајте отров по охриѓани

Објавено August 9, 2025 11:12
Сподели
Сподели

На Македонците, се чини, секаде им е поевтино од Охрид. Подготвени се да платат поскапо за секоја услуга и задоволство, но не во Охрид. Секоја летна сезона ист проблем – поплаки од посетителите за цените низ македонскиот туристички бисер Охрид.

Но, Охрид како и секое туристичко место во екот на сезоната, е преполно со посетители, а несомнено некои нешта чинат, зависи од локацијата, квалитетот на услугата, тајмингот.

Во „одбрана“ на нашиот Охрид застана инфлуенсерот и млад писател Мартин Јованоски кој го сподлеи своето искуство со цените.

– Две големи пици, хајнекен и тиквеш винце, пицерија во центар на Охрид, 20 метри од езеро во сред сезона – 1.170 денари! Значи, 1170 денари (на фискална, оданочени)! И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безброј лаги, врвот беше она со наплаќањето салфетки или полнење телефон (од рубриката није се десило нели)… Само поради фактот што веруваме во злобни, измислени приказни од длабоко фрустрирани особи, правиме непроценлива штета по сопствениот туризам и домашната економија. Омразата, особено изразена на социјалните мрежи е, во најмала рака језива, пишува тој во својата фејсбук објава.

– Проблемот е во очекувањата. Не можеш да бараш на Илинден во Охрид, цените да се пониски од оние во Скопје. Едноставно не можеш. И…ако си со просечни примања, едноставно не можеш да влегуваш во првиот ресторан што ќе го видиш без да ги ѕирнеш менито и цените. Па погледнете ги странските туристи само, ваљда не се глупи кога застануваат и прашуваат по 3 пати, продолжува тој.

Неговата поента е дека треба да се погледно „пошироко“.

– Има места за сечиј џеб и затоа редно е да престанеме да се однесуваме како размазени мрзи, очајни да изгледаат богато.

Постои само добар и лош човек, истото важи и за скопјани, и за охриѓани.

Охрид е магичен!

Охрид е полн љубов!

И е наш, Македонски!

И мора да си го чуваме!

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицотакис ја блокира истрагата на министри за милионска измама со земјоделските фондови на ЕУ
Следна Статија (Видео) Фудбалер настрада од факел, има изгореници и хематом на тестисите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Казни од 200 евра за неплаќачите на патарините

Во 13 контролни акции на наплатните станици Гостивар, Тетово, Желино, Петровец, Миладиновци и Отовица изречени се мандатни казни од по…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Паркира кој каде ќе му текне (ФОТО)

Паркирањето во Центар е вистински хаос, не се почитуваат ниту сообраќајните знаци, ниту паркинг местата предвидени за автомобилите. Така е…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска почнува грејната сезона

Од денеска почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје што ќе трае до…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова најавува консултации за нов состав и слабостите во системот по колективната оставка во Комисијата за помилување

Комисијата за помилување синоќа си поднесе колективна оставка, која беше експресно прифатена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Оставките следуваат по…

October 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?