Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешниот судија Наќе Георгиев излегува од затвор предвреме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поранешниот судија Наќе Георгиев излегува од затвор предвреме
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот судија Наќе Георгиев излегува од затвор предвреме

Објавено April 19, 2026 15:43
Сподели
Сподели

Поранешниот судија во Врховниот суд, Наќе Георгиев, кој беше осуден за примање мито, ќе ја напушти затворската ќелија ова лето, откако Апелациониот суд во Скопје му го уважи барањето за условен отпуст. Со оваа одлука, казната му е дополнително скратена, а предметот стана правосилен.

Георгиев, кој првично требаше да остане во затвор до мај 2027 година, ќе одлежи вкупно две години и два месеци. По претходната одлука на Кривичниот суд со која излезот беше предвиден за септември оваа година, Апелација ја преиначи одлуката и му ја скрати казната за уште два месеци.

Како аргументи за прифаќање на жалбата, судот ги зел предвид неговото примерно однесување во затворот, возраста (63 години) и нарушената здравствена состојба.

Во изминатиот период, Георгиев веќе издржуваше дел од казната во олеснет режим, каде преку ден бил работно ангажиран како магационер, а ноќите ги поминувал во установата, користејќи и викенд-отсуства.

Потсетуваме, Наќе Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, откако беше фатен на дело при примање мито од 10.000 евра од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев. Со спогодбата тој доби тригодишна затворска казна и забрана за вршење на службена должност во траење од три години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: СДСМ е подготвен за избори во секое време
Следна Статија Лажни дојави за бомби во скопските молови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерство за култура и туризам: Исплата на платите е во тек и ќе заврши денеска

Министерството за култура и туризам денеска соопшти дека исплатата на платите за вработените во институциите од областа на културата во…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Есена почнува во понеделник, на 22 септември: Деновите се пократки, порано се стемнува

Есента започнува во понеделник, 22 септември во 20:19 часот. Во Северната Хемисфера, есента е дефинирана како период кој започнува од…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Градежна компанија во сопственост на децата на Блерим Беџети е под лупа на Антикорупциска

Компанија регистрирана за изградба на станбени и деловни објекти, формирана од децата на пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонец лежи во „Идризово“ осуден за борба на руска страна: Веднаш ме испратија на фронтот кај Мариупол

37-годишниот Љупчо Бојчевски од Скопје е единствениот Македонец осуден на затворска казна за учество во странска војска во конфликтот во…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?