Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци
ЗАБАВА

Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци

Објавено March 22, 2026 18:15
Сподели
Сподели

Празникот на пролетта 22 март младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуваат, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд.

Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се премисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спречен увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
Следна Статија Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Денеска е Света великомаченичка Ирина

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 мај. Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во…

May 18, 2026
ЗАБАВА

Три хороскопски знаци ги чека бериќетно лето

Наредните месеци ѕвездите ќе бидат особено поволни за некои хороскопски знаци, што ќе биде придружено со финансиска среќа. Астролозите предвидуваат…

May 11, 2025
ЗАБАВА

Над 60 Анкер попусти за Црн Петок сè уште се активни

Не треба да чекате на Сајбер Понеделник за да добиете големи попусти на најпопуларните Анкер полначи, звучници и проектори. Овие…

December 1, 2025
ЗАБАВА

Дејвид Бекам се обиде да се потшиша, но доживеа незгода

Дејвид Бекам повторно го привлече вниманието – овојпат поради „несреќен случај“ при стрижење што се случи во неговата бања. Имено,…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?