Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Престанува мандатот на градоначалникот на Брвеница, следува постапка за нови избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Престанува мандатот на градоначалникот на Брвеница, следува постапка за нови избори
МАКЕДОНИЈА

Престанува мандатот на градоначалникот на Брвеница, следува постапка за нови избори

Објавено July 7, 2026 16:55
Сподели
Сподели

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се отвора постапката за распишување предвремени избори за избор на нов градоначалник, согласно законските рокови и процедури.

Како што информира портпаролката на Владата, Марија Митева, Министерството ја започнало постапката по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница за настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон.

Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник – изјави Митева.

Од Владата посочуваат дека со усвојувањето на информацијата и донесувањето на одлуката се создаваат законските предуслови за спроведување на понатамошната постапка во согласност со важечките прописи и рокови.

На 23 јуни годинава ненадејно почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уште еден објект под заштита на државата срушен во Старата скопска чаршија
Следна Статија Македон Димитровски со куп награди се враќа и од Несебар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Распука асфалтот на патот кон Теферич, пет месеци по неговата поправка

Распука асфалтот на патот што води кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода. Ова е констатирано од денешниот увид на…

February 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница

Од владината прес-служба информираа дека на денешната седница ќе биде разгледано мислењето доставено од Министерството за правда во врска со…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски за евроинтеграциите: Да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери

Нашиот пристап е да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери во делот на…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?