Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб
ХРОНИКА

Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб

Објавено February 16, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Кавадарци повело постапка против две лица за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавно обвинителство денеска соопшти дека двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски началник, кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на сторители на недозволена трговија со дрога.

Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини, се појаснува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените. Предлогот бил прифатен и судот им определил притвор во траење од осум дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи
Следна Статија Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почнува судењето на штипјанецот кој крвнички ја уби Емилија Пешева

Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември 2024 изврши убиство na 29-годишната…

February 10, 2025
ХРОНИКА

Тинејџерка тешко повредена откако ја удрил автомобил

На 21.01.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со…

January 22, 2026
ХРОНИКА

Загина возач на експресниот пат Прилеп-Градско

Вчеравечер во 22.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес, товарно…

May 24, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Заедничка акција на Царината и МВР: Спречено криумчарење на два килограми кокаин на Меѓународен Аеродром Скопје

Спречен обид за криумчарење на околу два килограми кокаин, што граѓанин од Бразил имал намера да го прошверцува по воздушен…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?