Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб
ХРОНИКА

Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб

Објавено February 16, 2025 18:01
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Кавадарци повело постапка против две лица за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Јавно обвинителство денеска соопшти дека двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено лице – полициски началник, кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на сторители на недозволена трговија со дрога.

Кога во дискотеката го забележале началникот на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди – набиеници и расекотини, се појаснува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените. Предлогот бил прифатен и судот им определил притвор во траење од осум дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи
Следна Статија Семејството на Фросина го предводеше протестот: „Валкани пари – смртни последици“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање…

January 27, 2025
ХРОНИКА

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово

Пожар избувна денеска напладне на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово, а локалната самоуправа изрази сомневање…

July 11, 2026
ХРОНИКА

Директор на „Колекторски систем“ во Охрид го оштетил претпријатието за скоро 3 милиони денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.А.(53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на…

May 8, 2025
ХРОНИКА

Уапсени 35 цариници и полицајци во вчерашната голема полициска акција

Во големата полициска акција за која информираше 24инфо.мк уапсени се најмалку 35 полицајци и вработени во Царина. Акцијата се одвивале…

October 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?