Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
СВЕТ

Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран

Објавено June 23, 2025 13:32
Сподели
Сподели

Русија презема мерки за да му помогне на иранскиот народ во услови на ескалација на Блискиот Исток, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

-Имаме долгогодишни, добри и сигурни односи со Иран. Од наша страна, ние вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ, рече рускиот претседател.

Русија е на вистинската страна од историјата во услови на нападите на САД и Израел врз Иран, рече Арагчи.

„Денес, Русија е на вистинската страна од историјата и меѓународното право“, рече иранскиот министер за надворешни работи.

Арагчи додаде дека Иран им се заблагодарил на своите руски пријатели за нивната „решителна осуда на агресивните дејствија“ против Исламската Република.

Путин, исто така, разговарал по телефон со ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани, со кого разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток, објави прес-службата на Кремљ.

-Телефонски разговор се одржа меѓу претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и премиерот на Република Ирак Мохамед ал-Судани. Беше остварена длабинска размена на мислења за ситуацијата на Блискиот Исток во врска со операцијата на израелските сили против Иран, како и ракетниот и воздушен напад на САД врз иранските нуклеарни постројки“, се вели во соопштението на Кремљ.

За време на разговорот, Путин и Судани се согласија да помогнат во одржувањето на првиот руско-арапски самит во октомври, соопшти прес-службата на Кремљ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
Следна Статија Во Берово одбележани 24 години од смртта на бранителите Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија

Високи претставници на Европската Унија денеска ја изразија својата огорченост поради смртоносниот напад на плажата Бонди во Сиднеј, насочен кон…

December 14, 2025
СВЕТ

Трамп: Имам неколку кандидати за нов ирански лидер

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека сака целосна промена на иранската владејачка структура и дека веќе има неколку имиња…

March 6, 2026
СВЕТ

САД и Израел заедно го нападнаа Иран

Израелските и американските сили започнаа координирани воздушни напади врз Исламската Република Иран. Прво беше цел на Техеран, а потоа и…

February 28, 2026
СВЕТ

Британка исчезнала пред 50 години, а сега е најдена на друг крај на земјата, една работа е чудна

Еден од најстарите случаи на исчезнати лица во Велика Британија е решен на првиот ден од 2025 година. Полицијата успеала…

January 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?