Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ратко Младиќ доживеал мозочен удар во притворот во Хаг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Ратко Младиќ доживеал мозочен удар во притворот во Хаг
БАЛКАН

Ратко Младиќ доживеал мозочен удар во притворот во Хаг

Објавено April 15, 2026 19:57
Сподели
Сподели

Осудениот воен злосторник и поранешен генерал на босанските Срби – Ратко Младиќ (84), доживеа мозочен удар. Тој е во сериозна состојба, тврди неговиот син Дарко Младиќ.

Младиќ отслужува доживотна казна затвор во Хаг, каде што е осуден за низа воени злосторства, меѓу кои најтежок е геноцидот во Сребреница.

Неговиот син изјави дека доживеал мозочен удар во петокот, 10 април, но дека семејството сè уште не ја добило медицинската документација.

Тој бил однесен во болница, а вратен во притворот е истиот ден, тврди Дарко Младиќ.

Според него, Младиќ е во многу лоша состојба, повеќе не може да седи во инвалидска количка и тешко му е да комуницира.

Од 2024 година е сместен во затворската болница во Хаг. Минатото лето, судот го отфрли неговото барање за итно ослободување во Србија од здравствени причини.

Ратко Младиќ, воен командант на Војската на Република Српска, беше осуден на доживотен затвор во 2017 година пред Хашкиот суд.

Пресудата стана правосилна по второстепената одлука од 2021 година.

Младиќ беше прогласен за виновен за геноцид (по две точки), злосторства против човештвото (по пет точки) и воени злосторства (по четири точки) што ги извршил како највисок воен командант на Војската на Република Српска, со цел создавање на Република Српска.

Тој се криел од судството 16 години, а бил уапсен во Србија во 2011 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон
Следна Статија AфД е најпопуларна партија во Германија, покажале најновите истражувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

По 14 денови прекината блокадата на РТС

По 14 денови блокада на јавниот српски информативен сервис, попладнево студентите во блокада од белградскиот Факултет за драмски уметности на…

April 28, 2025
БАЛКАН

ЕК ја казнува Бугарија – лажела за буџетскиот дефицит за да влезе во еврозоната

Ппремиерот Румен Радев пред почетокот на состанокот на бугарската влада денеска сподели и некои многу лоши вести што ја очекуваат…

May 30, 2026
БАЛКАН

(Видео) Санацијата на старата канализација откри тајни премини на Дубровничка Република

Реновирањето на канализацискиот систем стар повеќе од 500 години под историското јадро на Дубровник, вредно нешто повеќе од еден милион…

May 8, 2025
БАЛКАН

Гренел за Србија: Не поддржуваме насилно заземање институции

Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, сподели видео од студентските протести во Србија преку објава…

January 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?