Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Раул Гонзалез е нов селектор на Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Раул Гонзалез е нов селектор на Србија
СПОРТ

Раул Гонзалез е нов селектор на Србија

Објавено November 14, 2024 11:20
Сподели
Сподели

Поранешниот тренер на Вардар и предводник на македонската репрезентација Раул Гонзалез е договорен за нов селектор на српскиот ракометен национален тим.

Трофејниот шпански стручњак, кој со Вардар беше европски шампион во 2017 година, во текот на минатиот викенд бил во Белград на преговори и притоа е постигната согласност тој во иднина да ја води српската репрезентација. Сепак, договорот не стапува на сила веднаш, туку по завршувањето на оваа сезона затоа што Србите инсистирале Раул да биде насочен само на нивната репрезентација и да нема друг ангажман, а познато е дека во моментов е тренер на ПСЖ. Информацијата за потписот на договорот ја потврди генералниот секретар на Ракометната федерација на Србија, Иван Миливојевиќ.

„Договорот со Раул Гонзалез е потпишан откако е одигран натпреварот против Италија. Тој стапува на сила на 1 јули 2025 година, од моментот кога Раул нема да има договорни обврски со ПСЖ. Вакуумот кој го имаме до моментот кога тој ќе ја преземе репрезентацијата ќе го искористиме за да ја решиме ситуацијата со актуелниот селектор Борис Ројевиќ и да најдеме преодно решение за преостанатите натпревари од квалификациите за Европското првенство. Пред Раул е поставена јасна цел – пласман на Олимписките игри во 2028 година“, изјави Миливојевиќ во телевизиско интервју.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонска пошта тоне во загуби и долгови, а директорите лани си ги зголемиле платите
Следна Статија Експлозија на бомба во скопска Керамидница, едно лице со повреди пренесено во болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Новак Ѓоковиќ повторно погоден во глава

Откако минатата година доживеа повреда и мал потрес на мозокот на турнирот во Рим откако на главата му падна шише…

March 23, 2025
СПОРТ

Дуплантис ја освои наградата „Лауреус“ за 2024 година

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис е прогласен за најдобар спортист на светот на церемонијата „Лауреус“ во Мадрид. Дуплантис со години доминира…

April 22, 2025

И покрај елиминацијата од ЛШ: Баерн е печатница за пари, оваа сезона заработи 150 милиони евра

Со елиминацијата од ПСЖ во полуфиналната пресметка, Баерн Минхен остана без пласман во финалето, но од настапот во Лигата на…

May 7, 2026
СПОРТ

Tрагедија: Фудбалер почина на 27 години

Фудбалерот на северноирскиот прволигаш Клифтонвил, Мајкл Њубери, ненадејно почина денеска на неговиот 27. роденден. „Фудбалскиот клуб Клифтонвил е во тага…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?