Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристески: Мерките со ограничени маржи на производите кои истекуваат на 30 април дадоа ефекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристески: Мерките со ограничени маржи на производите кои истекуваат на 30 април дадоа ефекти
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Мерките со ограничени маржи на производите кои истекуваат на 30 април дадоа ефекти

Објавено April 24, 2025 16:57
Сподели
Сподели

Двете одлуки кои ги донесе Владата за ограничување на бруто профитните маржи кои овојпат беа скалести, 5, 10 и 15 проценти, според информациите од Државниот завод за статистика дадоа добри ефекти. Задоволни сме како Влада, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд при денешниот престој во ТИРЗ-Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање за ефектите од мерката која завршува на крајот на овој месец.

-Пред сѐ, имавме дефлација во март во однос на февруари за 1,3 проценти, а имаше и намалување на трошоците за храна и пијалаци од околу 3 проценти во март во однос на февруари. Крајните резултати ќе ги имаме по завршување на мерката, по крајот на април. Со официјалните податоци од Државниот завод за статистика ќе знаеме точно колку оваа мерка дала заштеда за македонското семејство во однос на трошоците за основните прехранбени продукти. Од тие податоци и од однесувањето на трговците ќе завциси какви и дали ќе има други мерки во иднина, изјави Ристески.

Преку казните изречени од државниот пазарен инспекторат се собраа преку 3 милиона денари, а до крајот на мерката, до 30 април остануваат и контролите на инспекцијата.– Во овој период се направени преку 600 инспекциски контроли во трговијата на мало и на големо. Беа затворени осум објекти, претежно беа увозници на овошје и на зеленчук кои се обидоа да ја изиграат мерката. Контролите ќе траат до крајот на спроведувањето на мерката, до 30 април. Онаму каде ќе бидат утврдени неправилности, ќе бидат санкционирани со казни, а казните се од 500 до 10.000 евра, а и можност за затворање на одредени објекти до 15 дена, рече Ристески.

Според заменик министерот за економија Марјан Ристески, доколку понатаму трговците не го почитуваат животниот стандард на граѓаните, Владата е подготвена да воведе нови мерки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното
Следна Статија Невреме со пороен дожд и грмежи, граѓаните да бидат внимателни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Прва жена машиновозач почна да работи во МЖ Транспорт

Зорица Божинова, првата жена со лиценца за машиновозач во Р. Македонија🇲🇰 од денес и официјално вработена во МЖ Транспорт Нека…

June 23, 2025

Над 50 милијарди долари за помалку од 24 часа: Зошто големите технолошки компании масовно инвестираат во Индија

Иако заостанува во некои клучни области на вештачката интелигенција, Индија станува главна инвестициска дестинација за големите технолошки компании.

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

По раскинувањето на договорот со „Марковски компани“ АД ЕСМ со најава, ќе преземе мерки пред судските органи од несовесното извршување на обврските

Откако актуелното раководство на РЕК Битола еднострано го раскина договорот за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина со „Марковски компани“,…

December 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека преку Државниот пазарен инспекторат на дневна основа се следат цените на основните производи и најавува…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?