Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ристов: Граѓаните да инвестираат во акции за ХЕЦ Чебрен, наместо да ги заробуваат парите во станови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ристов: Граѓаните да инвестираат во акции за ХЕЦ Чебрен, наместо да ги заробуваат парите во станови
ЕКОНОМИЈА

Ристов: Граѓаните да инвестираат во акции за ХЕЦ Чебрен, наместо да ги заробуваат парите во станови

Објавено June 19, 2026 18:47
Сподели
Сподели

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, предложи нов модел за финансирање на стратешките енергетски објекти во кој директно би се вклучиле граѓаните преку купување на акции.

Овој став тој го изнесе на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, организирана од „Фајнанс тинк“.

Според него, наместо традиционалното инвестирање во недвижности, јавноста треба да добие алтернатива за инвестиции во државни проекти како што е хидроцентралата Чебрен.

„Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат возможност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен“, истакна Ристов, а пренесе прес-службата на РКЕ.

Тој појасни дека енергетиката не треба да биде привилегија само на државата, туку можност за сите, поради што е потребно да се разгледа воспоставување на акционерски друштва наместо класично кредитирање.

„При реализација на стратешките објекти, освен класичното кредитирање, треба да се разгледа и можноста за воспоставување модел на акционерско друштво, каде граѓаните ќе може да бидат дел и наместо да купуваат недвижности, да може да ги инвестираат парите во акции преку кои ќе се финансира изградбата“, рече првиот човек на РКЕ.

Во однос на транзицијата и намалувањето на употребата на фосилни горива, тој ја поздрави најавата на ЕСМ за когенеративната централа во Битола, но предупреди дека Македонија сериозно заостанува во сегментот на е-мобилноста.

„Кога зборуваме за енергетската транзиција тука е и електрификација, односно е-мобилноста во транспортот. Сите западни држави, но и сите развиени држави се над 50 проценти веќе со развиена е-мобилност, а ние сме само со 1 процент – тоа е поле на кое мора да се работи, тоа е иднината. Ние како регулатор почнуваме да подготвуваме регулатива и да дадеме основа и динамика за развој на овој дел“, соопшти Ристов.

На крајот, осврнувајќи се на воведувањето на јаглеродната такса, тој потенцираше дека домашната струја во моментов не е конкурентна на европскиот пазар и е регионално ограничена, поради што е неопходно итно одвојување на производителите од обновливи извори од оние кои користат фосилни горива.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Заев ужива на јахта во Паљури, Вие скенирајте фискални
Следна Статија Грција сака да го чува Ормутскиот теснец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јапонска 40-годишна државна обврзница достигнува рекордни 4% по прв пат

Приносот на 40-годишната јапонска државна обврзница достигна 4%, највисоко ниво откако е воведена во 2007 година, што претставува историски момент…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески откри поради кого 80-90 отсто од новите пензионери нема да имаат ни минимална пензија

Пензионерите што во наредните години ќе почнат да се пензионираат преку вториот пензиски столб би можеле да се соочат со…

June 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Растот на македонскиот БДП ќе забрзува во следните две години, смета ЕК

Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се…

November 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака од 31 октомври

Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје од 31 октомври се воведува нова авиолинија до Ларнака…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?