Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рокас: Германско-фарнцускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Рокас: Германско-фарнцускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Германско-фарнцускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Објавено June 5, 2026 17:35
Сподели
Сподели

Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

Разговорите во Тиват сè уште течат и сè уште не можам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите потребни постапки за пристапување на Западен Балкан во Европската Унија – изјави евроамбасадорот Рокас, кој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изврши увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос.

Во француско-германскиот нон пејпер презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, што го објави порталот „Нова.рс“, Европската комисија е повикана да подготви предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, вклучително и привилегиран пристап до единствениот европски пазар врз основа на нивниот напредок во пристапните преговори и поцврсти врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување.

Во документот, со наслов „Нов поттик за проширувањето во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан (5 јуни 2026) и самитот ЕУ – Молдавија (22 јуни 2026)“, се оценува дека „проширувањето останува една од најпривлечните понуди и највлијателни политички алатки што ги поседува Унијата“.

Но на политиката на проширување ѝ е потребен нов поттик. Претстојните самити со Западен Балкан и Молдавија претставуваат можност што не смееме да ја пропуштиме. Нашата заедничка цел е да ја заокружиме Унијата како вистинска Европска Унија – се наведува во текстот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на средба со Макрон
Следна Статија „ВЕ САКАМЕ“, им кажа Мерц на земјите од Западен Балкан на Самитот во Тиват

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков: Помилувањето не смее да биде злоупотребено за политичка битка

Имајќи ја предвид процедурата за помилување, но и временската рамка кога е испратено мислењето од Министерството за правда, во време…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова што се случува сега и цело лето ќе продолжи, затоа што некој има интерес – но тие ќе бидат поразени

Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево рече дека и натаму ќе се случуваат вакви работи и понатаму, затоа што,…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА USLUGI.GOV.MK Апел од Андоновски до сите млади да се подготват за ваучер за лаптоп или таблет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата „Вести Плус“ на Канал 5, ги повика младите граѓани, особено…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ганиу: Од девет дури 7 училишта во Чаир биле изградени „на диво“

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу синоќа во гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ обелодени дека од девет училишта на…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?