Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници, ќе имаме голем успех на изборите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници, ќе имаме голем успех на изборите
ПОЛИТИКА

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги комплетираше листите за советници и кандидати за градоначалници, ќе имаме голем успех на изборите

Објавено September 13, 2025 12:20
Сподели
Сподели

По долгите анализи и испитувања кои ги правеше и она што го констатираше, ВМРО-ДПМНЕ комплетираше листи за советници и кандидати за градоначалници кои ќе настапат на следните избори, изјави денеска Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на партијата, пред седиштето на Државната изборна комисија.

Како што рече, за кандидати за градоначалници ги избрале оние кои покажале добри резултати во изминатите четири години, но имаат и нови кандидати кои „се профилирани ликови во средините од каде што доаѓаат“.

За листи за советници се избрани луѓе коишто се предлог на месните и општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Можам да констатрам дека партијата е комплетно мобилизирана, дека ќе имаме голем успех на следните ллокални избори. Исто така, можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори ќе има плус советници и плус градоначалници во споредба од она што го имавме  во 2021 година, изјави Сајкоски, кој беше придружуван од членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска-Кочоска и Орце Ѓорѓиевски, кандидат на оваа партија за градоначалник на Скопје.

Според Сајкоски, сите анализи и од тоа што го слушаат од терен покажува дека „ќе имаме една огромна победа на локалните избори“.

-Граѓаните знаат, го ценат квалитетот на понудените кандидати, но, исто така, го ценат она што е сработено во изминатиот период од страна на кандидатите за градоначалници, но и она што ВМРО-ДПМНЕ го ветува, вообичаено да се очекува да го реализира. Работата и трудот секако дека ќе бидат наградени на следните локални избори, додаде генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Според роковникот на ДИК за спроведување на Локалните избори 2025, денеска до полноќ истекува рокот  до кога сите што  сакаат да се кандидираат на претстојните избори, закажани за 19 октомври, своите кандидатури за градоначалници и листите на кандидати за членови на советите во 80 општини и Градот Скопје треба да ги поднесат преку своите овластени предлагачи во просториите на општинските изборни комисии (ОИК) и Изборната комисија на Град Скопје (ИКГС).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Принцот Хари ја посети Украина: Не можеме да ја запреме војната, но можеме да помогнеме
Следна Статија Манасиевски: Над 700.000 денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Бившата германска канцеларка Ангела Меркел ја објави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело со кое повторно го сврте светското внимание…

November 27, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: СДСМ ќе побара намалување на цените на патарините

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека СДСМ во наредниот период…

February 10, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче ќе повика на лидерска средба по трагедијата во Кочани

Лидерот на СДСМ Венко Филипче најави дека идната недела во Собранието ќе повика средба на лидерите на најголемите политички партии…

March 28, 2025
ПОЛИТИКА

МВР тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти – велат од СДСМ

Министерството за внатрешни работи (МВР) тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?