Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување
ПОЛИТИКА

СДСМ: Вториот вработен во фирмата со тендри од 9 милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата за прислушување

Објавено December 1, 2025 11:57
Сподели
Сподели

Почитувани, продолжуваме со разоткривање на криминалните тендерски шеми на власта на Мицкоски.

Денеска јавноста ќе слушне кој друг е поврзан со фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци?

Кој е вториот вработен? Што работел претоходно и во кое време?

Станува збор за извесен Глигор Поцев, изјави денеска портпаролката на СДСМ , Богданка Кузеска.

Во продолжение нејзината прес конференција

Поцев бил сведок во случајот Тагрет Тврдина за уништувањето на опремата за масовно прислушување како вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков.

А токму последниот договор со Владата и оваа фирма е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа.

Како тоа лица кои биле дел од разузнавачки структури, кои директно или индиректно се поврзани со процеси за уништување на опремата за прислушување сега се пак во игра за милионски тендери за софтвери?

И како тоа баш сега, Владата на Мицкоски избрала човек од тоа време, од тие структури, сведок за уништувањето на опремата?

Почитувани,

Скандалот со тендери вредни 9 милиони евра, дадени  на фирма од две лица основана од пред само една година, јасно покажува дека кај Христијан Мицкоски владее истата криминална школа на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Методите се исти, милионски тендери платени од пари на граѓаните на фирми со сомнителна или релативно непостоечка историја.

Целта е иста, богатење на партијата и поединци од врхушката на власта.

Дури и луѓето се од истиот груевистички период очигледно!

Ништо од ова не е случајно, ова е криминален систем за крадење пари од граѓаните и контрола за кој мора да има истрага и одговорност.

Крадењето мора да запре. Инситуциите мора да делуваат и да преземат мерки согласно законот.

Предупредуваме да знаат сите дека овие дела не застаруваат. Одговорност мора да има и ќе има, кога-тогаш!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 60 Анкер попусти за Црн Петок сè уште се активни
Следна Статија Адидас ‘Убави’ Женски Патики по Намалена Цена од $24

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриевски: Државниот грб ги задоволува сите потреби и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и…

February 18, 2025
ПОЛИТИКА

Куманово: Димитриевски во водство со речиси 33% од гласовите

Според најновите податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до 21:10 часот се обработени околу 33,53% од избирачките места во Куманово,…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог

Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност а потоа одбива секаков предлог,…

August 31, 2025
ПОЛИТИКА

Митески: Лисиче ќе добие топлификација, ветување што станува реалност

Дејан Митески, кандидат за градоначалник за општина „Аеродром“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на митинг одржан во рамките на изборната кампања, под…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?