Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Селекторот на Аргентина: Не мислам дека сум арогантен кога велам дека овие играчи се навистина уникатни, а навивачите се брилијантни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Селекторот на Аргентина: Не мислам дека сум арогантен кога велам дека овие играчи се навистина уникатни, а навивачите се брилијантни
СПОРТ

Селекторот на Аргентина: Не мислам дека сум арогантен кога велам дека овие играчи се навистина уникатни, а навивачите се брилијантни

Објавено July 16, 2026 09:36
Сподели
Сподели

Нашите натпревари на ова Светско првенство се импресивни, изјави воодушевено аргентинскиот селектор Лионел Скалони по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето.

Актуелниот светски првак беше во гол негативата во полуфиналето во Атланта, откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, по што следуваше 40. минутна опсада кон голот на Џордан Пикфорд. Аргентинците напаѓаа од сите страни со сите орудија и откако Енцо Фернандез го израмни резултатот во 85. минута, нововлезениот Лаутаро Мартинез биеше прецизно со глава во 90+2 за заслужен триумф на Аргентина.

„Пресреќен сум. Ова чувство не може да се опише. Воодушевен сум за играчите и за сите Аргентинци. Веројатно дури и не сме свесни за сè што направивме досега. Одиме понатаму“., рече по полуфиналниот натпревар Скалони.

Аргентина в недела во финалето против Шпанија ќе се обиде да ја одбрани титулата и по четврти пат да стане светски првак.

„Моите играчи никогаш не престануваат да ме воодушевуваат. Тие се импресивни. Не мислам дека сум арогантен кога велам дека овие играчи се навистина уникатни, а навивачите се брилијантни. Кога велам дека нè доведоа до победа, навистина го мислам тоа. Финалето? Повторно ќе дадеме се од себе. Секако дека ќе се обидеме да победиме. Втор пат по ред би било неверојатно“, порача Скалони.

Во историјата на светските првенства, само Италија во 1934 и 1938 година и Бразил во 1958 и 1962 година успеале да ги одбранат титулите светски првак.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Tухел призна дека е виновен за поразот
Следна Статија Не цедете сокови, ќе ви се покачи шекерот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Полицијата уапси околу 780 лица во нередите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска изјави дека полицијата уапсила околу 780 лица во текот на ноќта по…

May 31, 2026
СПОРТ

Тотенхем пак не победи

Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, упати замерки на своите фудбалери за прикажаната игра синоќа во ремито 1:1 со Лидс…

May 12, 2026
СПОРТ

Шеф на Рамс за иднината на Метју Стафорд: Емоционален одговор по тешкиот пораз

Стафорд одбива да генерализира по загубата во НФЦ натпреварувањето

January 27, 2026
СПОРТ

Teлохранителот на Меси нема да смее да влегува на терен

Раководството на МЛС лигата му забрани на Јасин Чеуко – телохранителот на напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, да трча…

April 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?