Серафимов ја „чекираше“ Македонија во Б-дивизијата во Лигата на нации

- Advertisement -

Во претпоследниот натпревар од ова издание на Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Летонија со 1:0.

Со оваа победа избраниците на селекторот Благоја Милевски го потврдија првото место во групата што значи промоција во Б лигата од ова натпреварување, а воедно и ги задржаа шансите за евентуален пласман во баражот за настап на Светскиот шампионат.

Дуелот против Летонија беше решен во 57. минута, а стрелец на погодокот беше Никола Серафимов.

Сподели ја оваа статија