Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се бара решение за проблемот со превозниците во координација со Европската комисија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се бара решение за проблемот со превозниците во координација со Европската комисија
МАКЕДОНИЈА

Се бара решение за проблемот со превозниците во координација со Европската комисија

Објавено February 16, 2026 12:52
Сподели
Сподели

Во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната би сакале да информираме дека во координација со Европската Комисија се работи на трајно решение. Ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде трајно решение.

Министерството за транспорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи.

 

Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем.

 

Дијалогот со Европската Комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската Комисија. Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни.

Како Министерство апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации кои може да наштетат на дијалогот. Особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ејлин Гу разочарана поради распоредот на Олимписките игри
Следна Статија Зошто веќе нема потреба од Amazon Fire TV Stick

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Осми март го наполни Охрид со гости

Празничниот викенд го исполни Охрид со гости, пред се припаднички на понежниот пол од нашето соседство кои допатуваа за тука…

March 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ги посети повредените од пожарот во Кочани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ги посети повредените од трагичниот пожар во Кочани, каде што во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

На списокот на Трамп е Македонија со 33% царина, Србија 37%, БИХ 35%, а Албанија и Косово ќе имаат по 10 отсто

На листата на претседателот на САД Доналд Трамп на земји за кои се воведуваат нови реципрочни тарифи, е и Македонија…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Аеродром

- Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен темелник на доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во…

May 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?