Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се злоупотребиле податоци на 588 лица: Кривични пријави против две физички и две правни лица од Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се злоупотребиле податоци на 588 лица: Кривични пријави против две физички и две правни лица од Скопје
ХРОНИКА

Се злоупотребиле податоци на 588 лица: Кривични пријави против две физички и две правни лица од Скопје

Објавено November 4, 2024 18:10
Сподели
Сподели

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Н.Т.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување на исправа” и „злоупотреба на лични податоци”, против правно лице со дејност во сателитска комуникација и емитување телевизиски програми од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци” и „фалсификување исправа”, против К.А.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,употреба на исправа со невистинита содржина” и против правно лице – регистрирано за курирски услуги од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Првопријавениот Н.Т., управител на второпријавеното правно лице, во текот на 2024 година, во повеќе наврати злоупотребил лични податоци на вкупно 588 лица, корисници на услуги, на кои што претходно им истекле договорите за користење на услугите од правното лице и со тие лични податоци склучил фиктивни договори како да наводно се склучени нови 588 договори за користење на услуги со второпријавеното правно лице за емитување сателитски телевиски програми.

Врз основа на овие фиктивни договори, од второпријавеното правно лице, по неколку испорачани фактури трансферирал 1.637.080 денари на четвртопријавеното правно лице со кое што имал склучено договор за деловно – техничка соработка за наводна монтажа и демонтажа на сателитска опрема, за наводно склучените договори.

Третопријавениот К.А., како управител на четвртопријавеното правно лице, уплатените парични средства ги вадел и ги давал во готово на првопријавениот Н.Т..

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски: ФЗО од 2014 година или е во „статус кво“ или е во уназадување во сите подрачја од сопствената работа
Следна Статија Доказите биле обезбедени од апликацијата Скај: Уапсени двајца полицајци кои оддавале службени тајни на „Дуќанџик“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возило „пливаше“ во Треска

Центарот за управување со кризи информира дека од страна на ЦИК при МВР е добиено известување дека патничко возило излетало…

December 29, 2025
ХРОНИКА

Ја нападнал невенчаната сопруга и се заканувал со нож

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.А.(48) од село во општина Центар Жупа поради постоење основи на сомнение за сторено…

October 22, 2025
ХРОНИКА

Непријавен накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари откриен на Меѓународен аеродром Скопје

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го…

July 22, 2026
ХРОНИКА

Починатата кавадарчанка пронајдена од нејзината ќерка ја убил партнерот со гушење

На 30.01.2025 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.П.(42) од Кавадарци. Тој се сомничи дека…

January 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?