Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се најде лек за гужвите на Евзони: Грција ќе поставува модуларни пунктови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Се најде лек за гужвите на Евзони: Грција ќе поставува модуларни пунктови
ПОЛИТИКА

Се најде лек за гужвите на Евзони: Грција ќе поставува модуларни пунктови

Објавено June 16, 2026 10:09
Сподели
Сподели

На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија на биометриската регистрација, но и на одлуката да се постават модуларни контролни пунктови на Евзони со кои една сообраќајна лента се претвора во две, со цел да се скрати времето на чекање, се осврна заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија Константинос Гиулекас, говорејќи на конференција за туризмот во организација на грчкиот информативен портал „Ворија“, јави дописничката на МИА од Атина.

Гиулекас ја спомена надградбата на граничниот премин Кипи кон Турција што е во тек и планот за надградба на Евзони кон нашата земја, објаснувајќи дека додека не се заврши модернизацијата немаат голема флексибилност, но се обидуваат да најдат привремени решенија.

– Таму, во соработка со Министерството за заштита на граѓаните, кое е надлежно за спроведување гранични проверки, поставуваме други модуларни контролни пунктови, односно дополнителни контролни точки и едната сообраќајна лента ја прошируваме во две. Секако, сето ова е точно на границата на можностите што постојат, бидејќи немаме поголема флексибилност сè додека целосно не се модернизира и граничниот премин Евзони и додека не се создадат услови за користење на дополнителни инфраструктурни капацитети. Таа можност не постои, па затоа се обидуваме на секој начин да го скратиме времето што е потребно за контрола, со цел побрз влезе во нашата земја, објасни Гулекас.

За системот за биометриска регистрација на сите државјани од трети земји, посочи дека европската регулатива дава можност за делумно суспендирање на имплементацијата во периоди на зголемен сообраќај и како што нагласи тоа често го применуваат.

– Европската директива која сега налага контролата, покрај патните документи, да се прошири и на биометриските податоци на секој што влегува во нашата земја од трети земји, за жал значи зголемување на времето на контрола, а со тоа и зголемување на доцнењето што се забележува на сите влезови, како што е случај и во сите европски земји. Она што го имаме како „оружје“ за справување со особено тешките околности во овој период е тоа што од Европската Унија имаме можност за делумно суспендирање на мерката во часови на зголемен сообраќај и тоа често го применуваме, рече заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за северниот дел на Грција.

Како што објави МИА пред десет дена, според одговорите на пратенички прашања од заменик-министерот за заштита на граѓаните на Грција Јоанис Ламбропулос во однос на системот за регистрација на државјани на трети земји, на одредени гранични премини и во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, европската регулатива дава можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тунискиот селектор сепак останува на клупата
Следна Статија На Ван Дајк не му се допаѓа т.н пауза за хидратација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци, обвини ВМРО-ДПМНЕ

СДС продолжува да докажува како тие ја користат власта, онаму каде што останаа власт. СДС продолжува да докажува дека нема…

May 11, 2025
ПОЛИТИКА

Скопјани со денови се трујат, горењето на Дрисла е сериозна опасност за уште поголема катастрофа, велат од СДСМ

„Пожарот во Дрисла се уште не е изгаснат, власта со денови не може да се справи додека скопјани се трујат.…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Муртезани: Таравари го смени приоритетот на Вреди и кокетира со ДУИ

Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, и тоа не го крие, го доведува во прашање целото функционирање на Владата зашто…

April 16, 2025
ПОЛИТИКА

Ветераните на ОНА му го вртат грбот на ДУИ? Хазби Лика и Гзим Острени на средба со челниците на Вреди

Хазби Лика и Гзим Острени, поранешни припадници на ОНА (УЧК), деновиве имаа средби со Билал Касами и Изет Меџити од коалицијата…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?