Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
ЗДРАВЈЕ

Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници

Објавено November 14, 2025 16:48
Сподели
Сподели

Во рамки на еднонеделниот престој на медицинска делегација од Duke University (САД), една од водечките светски институции во клиничката медицина, на Универзитетската клиника за очни болести беа изведени вкупно девет трансплантации на рожница, поставувајќи нови стандарди во офталмолошката грижа во нашата држава.

Делегацијата, составена од проф. д-р Lloyd Williams, асс. д-р Nick Garson и д-р Sheena Song во рамки на посетата беше примена и од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу.

-Започнувањето на ова поглавје е резултат на едногодишна, темелна и посветена подготовка започнувајќи од организирањето на националната листа на чекање, усогласувањето на протоколите и административните процедури, до создавање партнерство со Duke University, САД. Верувавме дека нашата земја има потенцијал за современа трансплантација на рожници и денес тоа го покажуваме со првите успешни трансплантации, посочи националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска.

-Горд сум што Македонија демонстрира знаење, визија и силна институционална посветеност. Ова е огромен медицински успех и доказ дека можеме да го модернизираме здравството и да им обезбедиме најдобра можност на пациентите кои долго го чекаа овој момент, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.

-Ова претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред за нашето јавно здравство, за нашата институција, но пред се за пациентите кои имаат потреба од ваков вид високо-специјализиран третман. Македонија прави огромен напредок кон современа, достапна и висококвалитетна офталмолошка грижа, отворајќи ново поглавје за сите пациенти. Партнерството со Duke University, нивната донација на ткива и директната соработка во оперативните сали создадоа силен темел за натамошен развој на програмата, изјави директоркатана Клиниката за очни болести, доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов.

Трансплатациите беа реализирани од тимот на Универзитетската клиника за очни болести во состав: директорката на Клиника за очни болести, доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов, насл. доц. д-р Христијан Дума, прим. д-р Бисера Велковска, асс. д-р Ана Трпеска Бошкоска; анестезиолозите д-р Катерина Аспроска Блажевска и д-р Ангелина Трајчевска; анестетичар Канита Арифи, како и медицинските сестри и инструментарки дипл. мс. Билјана Трајчева, мс. Тамара Тасевска, дипл. мс. Суреја Идризи, дипл. мс. Марина Трајковска и целиот персонал на клиниката.

Од изведените интервенции, според медицинска индикација, две беа направени со методата DMEK – најсоврмена техника при која се трансплантира само еден микронски слој од рожницата, што првпат се изведе во нашата земја, и останатите седум беа пенетрантни кератопластики (PRK), првпат во јавното здравство по половина век.

Со овие успеси, трансплантацијата на рожници во Македонија добива современ, одржлив и светски квалитетен модел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се водат интензивни преговори со 3-4 пратеници од НАИ: Се проширува ли владејачкото мнозинство по јануари?
Следна Статија Тутунскиот комбинат Прилеп на 18 ноември започнува со откуп на тутун

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Вложуваме во здравствениот сектор, модернизирање и подобрување на здравствените услуги, вели Мицкоски

За мене претставува навистина пред се чест, а потоа и задоволство да можам да бидам заедно со овие луѓе позади…

September 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Најавена реформа на Мој Термин – побрз, поедноставен и подостапен систем

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, на која…

July 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата

Недостигот од медицински сестри во здравствените установи претставува голем проблем, како за болниците, така и за пациентите. Дефицитот од медицински…

May 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Чибишев: Хоспитализираните на Токсикологија по пожарот во Кочани се стабилни, немаат механички повреди

Од пожарот во Кочани до денес, на Клиниката за токсикологија во Скопје проциркулирале 20 пациенти. Од нив 13, заради влошување…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?