Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Симон Трпчески со деби концерти во Чиле
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Симон Трпчески со деби концерти во Чиле
ЗАБАВА

Симон Трпчески со деби концерти во Чиле

Објавено March 6, 2025 19:57
Сподели
Сподели

Нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески, концертната 2025 година ја продолжува вечер (6 март) со првиот од двата деби концерта во Сантијаго, Чиле. Придружуван од Филхармонискиот оркестар на Сантијаго во Градскиот театар, Трпчески ќе го изведе Првиот концерт за пијано и оркестар од Чајковски. Диригентската палка ќе биде во рацете на главниот гостин-диригент на оркестарот, чилеанско-италијанскиот маестро Паоло Бортоламеоли.

Како што информира „КултурОп“, Трпчески до крајот на месецов го очекуваат и новите концертни средби со Симфонискиот оркестар на Чикаго во чија сала три вечери на програмата ќе биде Првиот концерт за пијано и оркестар од Рахмањинов, а под диригентската палка на Јакуб Хруша, како и трите настапи на домашната сцена на Симфонискиот оркестар на Феникс, со изведбата повторно на Првиот концерт за пијано и оркестар од Чајковски, овој пат под диригентската палка на нам добро познатиот диригент од Венецуела, Илич Ривас. Ривас со Трпчески во 2009 година настапи и во Скопје, заедно со Младинскиот оркестар на КултурОп, во рамките на „Скопско лето“.

Почетокот од април за нашиот виртуоз на пијаното ќе значи можност за враќање на престижната сцена на виенски „Музикферајн“, каде што ќе биде солист на Тонкунстлер оркестарот и под диригентската палка на Доминго Хиндојан од Венецуела ќе ја изведе австриската премиера на „Концертот Аргентино“ од Хинастера. Хиндојан во моментов е шеф-диригент на Кралскиот ливерпулски филхармониски оркестар.

Во продолжение на сезоната, до крајот на наредниот месец, Трпчески го очекуваат и рецитални настапи во Љубљана и Сингапур.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск напиша за Слим дека е поврзан со нарко картелите, па изгуби бизнис вреден 7 милијарди долари
Следна Статија „Демократија“ и во кошарката: Црвена звезда казнета поради руска песна, дали ќе има санкции и за денешниот меч во Минхен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

„Лило и Стич“ стана прв холивудски филм со заработувачка од милијарда долари во 2025 година (ВИДЕО)

Римејкот на популарниот анимиран филм „Лило и Стич“ на „Дизни“ стана првиот холивудски филм што ја надмина пресвртницата од 1…

July 19, 2025
ЗАБАВА

Основачот на Sledgehammer размислува за промените во EA и Activision: “Fade-от боли повеќе отколку што очекував”

Поранешниот основач на Striking Distance и Sledgehammer, Глен Шофилд, сподели загриженост за продажбата на неговиот поранешен работодавач

December 15, 2025
ЗАБАВА

Синер го изненади папата со подарок, па го покани да заиграат тенис (ВИДЕО)

Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, денеска беше во посета Ватикан, каде што се сретна со новиот поглавар на Римокатоличката црква, …

May 15, 2025
ЗАБАВА

„Меморија“ со концерт на 23 октомври во Арена „Јане Сандански“ ќе ве врати во едни поубави и безгрижни времиња

Групата „Меморија“ денеска одржа прес конференција по повод големиот солистички концерт закажан за 23. октомври 2026 година во Арена „Јане…

May 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?