Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа

Објавено October 11, 2024 15:39
Сподели
Сподели

Нас никој не нѐ ослободи, сами се ослободивме со помош на над 110 илјади Народно-ослободителна војска за Македонија. Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа. За нас антифашистичката беше и истовремено и Народно-ослободителна војна, во која дадовме 24.000 жртви, затоа ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народно ослободителната и антифашистичката борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели, врз кои е изградена македонската држава, порача денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова во Музејот на македонската борба, по повод Денот на народното востание на македонскиот народ —  11 Октомври.

Претседателката Сиљановска – Давкова во своето обраќање посочи дека 11 Октомври е денот кога македонскиот народ без колебање ја има избрано вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото, и како што рече „неслучајно македонската држава за која копнееја Илинденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години“.

-На 11 октомври во 1941 година македонскиот народ посегна по непресушното човеково право на отпор против опресијата, неправдата и окупацијата, и храбро без колебање ја избра вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото. 11 Октомври е меѓникот, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободоумни и правдољубиви народи. Херојската борба против фашизмот нѐ сплоти, нѐ прероди и ни даде легитимитет како народ да се самоопределиме и да создадеме слободна македонска држава на првото заседание на АСНОМ. Како еден од најголемите демократски триумфи на човештото, антифашизмот ни овозможи на историската сцена да настапиме рамноправно и со чиста совест да учестуваме во обновата на разрушениот свет. Неслучајно македонската држава за која копнееја Илиденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години, рече Сиљановска Давкова.

Македонската химна, додаде, ја симболизира незапирливата борба за правдата, и како што рече, го опева континуитетот со Илинден, навестувајќи ја слободата на Македонија.

– Но, во македонската химна е пишано и едно предупредување. Дали некогаш сте се запрашале, зошто текстот на македонската химна е испеан во сегашно, наместо во минато време? Зошто по АСНОМ ние не пееме дека денес над Македонија веќе се родило новото сонце на слободата? Дека македонците веќе се избориле за своите правдини? Зошто? И по 8 септември 1991 година, македонската химна се уште е во сегашно, а не во минато време?, истакна претседателката.

Вели секоја нова генерација се соочува со нови предизвици, а најголема жртва, рече, треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност и мора одново да се избори за овие вредности.

-Секоја нова генерација се соочува со нови предизвици и мора одново да се избори за овие врвни вредности и да ги интернализира. Секоја нова генерација, вклучително и нашава, треба да даде своја жртва за слободата и за правдата, затоа што само жртвата нѐ освестува за нивната вредност, а најголема жртва треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност, односно политичарите избрани од македонските граѓани да ги застапуваат, да ги претставуваат, и со својот личен пример да се борат за националните и државните интереси, посочи Сиљановска Давкова.

На свечената академија по повод Денот на народното востание на македонскиот народ —  11 Октомври, присустуваше и премиерот Христијан Мицкоски, министри, пратеници и претставници од дипломатскиот кор. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Куманово го слави Денот на народното востание – 11 Октомври
Следна Статија Тејлор Свифт донираше 5 милиони долари за жртвите од ураганот во Флорида

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Стојаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВРЕДИ поднесоа анкетна комисија за Пулс, Ласкарци, Тетово и Беса Транс

Ве известуваме дека Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, денес поднесовме Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на…

November 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими професорот Георги Гоце Дуртаноски, кој ѝ ја врачи првата копија од Привилегијата дадена на…

November 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Нема трајно вработување за образовните асистенти

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека барањето на родителите на деца со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти…

July 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Немаше администратори, туку окупатори – Скопје не е само град, тоа е душата на Македонија

Во предвечерието на 13 ноември, ќе кажам дека тоа е печат на нашата историја, сведоштво на храброста и на решителноста…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?