Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скок на цените на нафтата: Трговците стравуваат од најавените царини за венецуелската нафта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Скок на цените на нафтата: Трговците стравуваат од најавените царини за венецуелската нафта
Blog

Скок на цените на нафтата: Трговците стравуваат од најавените царини за венецуелската нафта

Објавено March 27, 2025 10:09
Сподели
Сподели

Се проценува дека ова е резултат на силната побарувачка во САД, потврдена со падот на залихите и геополитичките тензии околу американските царини за увозот на нафта од Венецуела.

Цената на нафтата порасна на светските берзи. Барелот на лондонскиот пазар достигна 73,90 долари, додека на американскиот 69,94 долари. Ова е резултат на силната побарувачка во САД, потврдена со падот на залихите и геополитичките тензии околу американските царини за увозот на нафта од Венецуела.

Трговците ги загрижува американската најава дека ќе воведе царини на земјите кои купуваат нафта од Венецуела.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување секундарни царини од 25% за земјите кои купуваат нафта од Венецуела од 2 април. Оваа одлука, покрај веќе постоечките санкции кон Кина и Иран, може дополнително да го наруши глобалното снабдување и да го зголеми притисокот врз цените. Кина пред два дена го запре увозот на венецуелска нафта, при што трговците и рафинериите изјавија дека го чекаат следниот потег на Вашингтон и инструкциите од Пекинг.

Венецуела, која со години зависи од извозот на нафта, може да изгуби повеќе од 4,9 милијарди долари годишно, што е повеќе од 10% од нејзиниот БДП.

Според американнското Министерство за енергетика залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднаа за 3,3 милиони барели, а залихите на бензин за 1,4 милиони барели. Незначително паднаа и залихите на дестилати, за 420 илјади барели. Тоа укажува на силна домашна побарувачка.

Посилниот раст на цените беше запрен од шпекулациите дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници пумпаат повеќе нафта на пазарот со што се компензира загубата од 1,5 милиони барели дневно од иранскиот извоз.

Групацијата веќе објави дека од април ќе пушти дополнителни околу 138.000 барели нафта дневно на пазарот.

ОПЕК одделно објави дека барел од кошничката нафта на нејзините членки во вторникот поскапе за 63 центи на 75,74 долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Се подобрува состојбата на Иван кој се лекува во Полска, се надева на брзо враќање дома
Следна Статија Навивачите на Челзи: Премиер лигата да ги истражи врските на Тод Боли со веб-страницата за препродажба на билети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Финансискиот свет се прашува дали Бафет се подготвува за пензија, собра рекордна сума на готовина

Готовината и државните акции на Беркшир Хатавеј, контролирани од еден од најголемите светски претприемачи, Ворен Бафет (94), достигнаа рекордни 334…

February 25, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Близнаци – понеделник, 17 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Градба на стабилна самодоверба е клучен елемент во вашиот ден, Близначки. Вашата прилагодливост, интелигенција, комуникативност,…

February 17, 2025
Blog

Во Америка сѐ е бизнис: Вртоглаво расте цената на криптовалутата на Трамп

За само еден ден од лансирањето на мем-коинот на американскиот претседател Доналд Трамп $TRUMP, обемот на тргување со криптовалути надмина…

January 20, 2025
Blog

Цената на биткоинот надмина 103.000 долари

Цената на биткоинот скокна над 100.000 долари за прв пат од февруари, откако беше објавен трговскиот договор меѓу САД и…

May 9, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?