Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Софија останува на своите позиции: Уставните измени се услов за напредок кон ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Софија останува на своите позиции: Уставните измени се услов за напредок кон ЕУ
БАЛКАН

Софија останува на своите позиции: Уставните измени се услов за напредок кон ЕУ

Објавено May 30, 2026 10:21
Сподели
Сподели

Бугарија останува цврсто на своите позиции во однос на евроинтегративниот процес на Македонија, откако шефицата на бугарската дипломатија, Велислава Петрова, порача дека фокусот на Скопје треба да биде насочен кон исполнување на обврските преземени кон Европската Унија, наместо кон отворање нови спорови со Софија.

Во изјава за Бугарската национална телевизија, Петрова нагласи дека за бугарската страна ова прашање повеќе не претставува билатерален спор, туку дел од односите меѓу Европската Унија и земја кандидат за членство. Таа повтори дека договорената рамка од 2022 година е составен дел од европскиот консензус и дека Софија нема намера да отстапи од принципите врз кои беше овозможено отворањето на пристапниот процес на Македонија, вклучително и обврската за уставни измени.

Според Петрова, Бугарија испраќа позитивни пораки, но од македонска страна не секогаш гледа доволна политичка зрелост за надминување на предизвиците. Таа оцени дека Македонија треба да го искористи актуелниот момент кога процесот на проширување повторно добива на интензитет, особено имајќи предвид дека Црна Гора и Албанија бележат побрз напредок во преговорите со Европската Унија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Несреќа во Намибија: Загина познато германско семејство
Следна Статија Нови болници и дигитално здравство: Министерството најави големи инвестиции

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Убиен е 19-годишен доставувач на храна во Хрватска – убиецот е во бегство

Синоќа во хрватскиот град Дрниш е убиен 19-годишник, а полицијата интензивно трага по 50-годишен осомничен кој избегал по пукањето. Како…

May 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Честитка од Амбасада на САД по повод 8 Септември: Го цениме цврстото партнерство со Македонија

Амбасадата на Соединетите Американски Држави преку објава на Фејсбук упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на…

September 8, 2025
БАЛКАН

Внимавајте каде паркирате: Солун воведува блокатори на тркала за непрописно паркирани возила

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од денеска воведува блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили…

August 8, 2025
БАЛКАН

Франција распиша потерница за маж и жена со српско потекло: Си го киднапирале сопственото дете од болница кое било во инкубатор

Кристина Н.(25) и Кевин Д.(23), наводно двајцата по потекло од Србија, кои се осомничени дека пред неколку дена од болница…

October 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?