Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините
СВЕТ

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Објавено May 14, 2025 10:40
Сподели
Сподели

Европскиот суд донесе одлука во врска со аферата „Фајзергејт“ за претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен. Пресудата би можела да има огромни последици за претседателот на Комисијата и транспарентноста воопшто.

Европската комисија погреши кога одби да ги објави СМС-пораките што Урсула фон дер Лајен ги разменила со генералниот директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурл, во екот на пандемијата на Ковид-19, пресуди судот на Европската унија, стои во пресудата.

Новинарите бараа увид во тајните пораки што претседателот на Комисијата и директорот на фармацевтската компанија ги разменија пред договорот вреден неколку милијарди евра за набавка на вакцини меѓу ЕУ и компанијата Фајзер.

Во соопштението, Општиот суд на ЕУ изјави дека Комисијата „не објаснила убедливо зошто смета дека текстуалните пораки разменети во контекст на набавката на вакцини против Ковид-19 не содржат важни информации или информации што бараат понатамошно следење и чие зачувување мора да се обезбеди“.

ЕУ му рече на судот во Луксембург за време на минатогодишното сослушување дека содржината на пораките не е доволно значајна за да се квалификува како документ и затоа пораките не биле регистрирани или достапни за објавување на новинарите.

Во својата изјава, судот додаде: „Комисијата не може едноставно да тврди дека ги нема бараните документи, туку мора да даде убедливи објаснувања што ќе им овозможат на јавноста и на Судот да разберат зошто тие документи не можат да се најдат“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер е регистриран во близина на Крит
Следна Статија Ова се првите финалисти на 69-то издание на Евровизија 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Лидерот на ИСИС убиен во Ирак, Американците објавија видео

Американската војска во петокот соопшти дека го убила водачот на ултрарадикалната сунитска терористичката групација Исламска држава во воздушен напад во…

March 15, 2025
СВЕТ

Нов скок на цената на нафтата

Цените на нафтата на светскиот пазар се повторно во фокусот по новиот пораст предизвикан од геополитичките тензии на Блискиот Исток.…

June 8, 2026
СВЕТ

Катар им соопшти на Американците дека ќе го преиспита безбедносното партнерство и евентуално ќе бара нови партнери

Катар го преиспитува своето безбедносно партнерство со САД по израелските напади врз неговиот главен град насочени кон лидерите на Хамас,…

September 11, 2025
СВЕТ

(ФОТО) Во што ќе се вози Трамп: Оклопниот „Ѕвер“ е вистинска тврдина на тркала, а чини 1, 5 милиони евра

Cadillac One, познат по прекарот Ѕверот, е специјално направен за потребите на претседателот на САД. За време на инаугурацијата на…

January 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?