Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Се враќаат пет пациенти од Шпанија и еден од Грција

Објавено March 26, 2025 11:13
Сподели
Сподели

Во моментов во државата се лекуваат 23 пациенти кои беа повредени во пожарот во Кочани, повеќе од 20 се пуштени на домашно лекување. Во Клиничкиот центар се само четворица, двајца на Клиниката за пластична хирургија, двајца на Токсикологија, девет пациенти се во Градската болница „8 Септември“ од кои еден е за испис и во Систина се лекуваат четворица пациенти.  Бројот на пациенти кои се лекуваат во странство сега е 113, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Арбен Травари.

Таравари кажа дека пациентите кои се сместени во Систина се во стабилна состојба и дека во наредните денови ќе информираат кога ќе бидат пуштени дома. Пациентите, пак, кои се лекуваат во странство почнуваат постепено да се враќаат дома.

-За оние кои се лекуваа надвор од државата имаме добри вести. Денеска веќе не се бројка 116 туку 113 што се лекуваат. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција, рече Таравари на прес-конференцијата. 

Во првите 24 часа по враќањето, како што е предвидено по протокол, оние пациенти што се враќаат во земјата ќе бидат сместени во некои од клиниките каде ќе треба да бидат под надзор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата го претресе домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“, одземени компјутери, мобилни телефони, документација…
Следна Статија Мустафа Имери е новиот директор на Македонската филхармонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од Ѓорче Петров до Центар ќе се патува со шинобус?

Во обид да се подобри јавниот превоз и да се олесни движењето на жителите од периферните населби кон центарот на…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор

Aдвокатот Јанаки Митровски за „Република“ ги коментира синоќешните настани по повод прославата за Денот на албанското знаме. -Сторени се неколку…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава

Пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во евроинтеграциите, порача премиерот Христијан Мицкоски.…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: Македонија добро се справила со терористичките закани во 2023 година

Македонија во 2023 година направила напредок во борбата против тероризмот со усогласување на стратешките документи со законодавството на ЕУ и…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?