Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Таткото на Васил Јованов недостапен за судот, а ОЈО го награди со поблаго кривично дело
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Таткото на Васил Јованов недостапен за судот, а ОЈО го награди со поблаго кривично дело
ХРОНИКА

Таткото на Васил Јованов недостапен за судот, а ОЈО го награди со поблаго кривично дело

Објавено June 24, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Таткото на Васил Јованов, кој во јануари годинава на пешачки премин ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, денеска не се појави на закажаното рочиште во Кривичниот суд. Во судот не се појави ни Зоран Јованов, ни неговиот адвокат Сашко Дукоски. Според судијката Снежана Марковска, судот направил два обиди да му ја достави на обвинетиот поканата за рочиштето заедно со обвинителниот акт, но поканата се вратила како неуредна достава, односно не можеле да го најдат на адресата што ја имаат во судот. Судот не можел да го најде ни адцокатот.

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Скопје, Александар Марковски, пак, пред судот наведе дека поради новите докази што ги прибрале во меѓувреме сменет е диспозитивот на обвинителниот акт со што Зоран Јованов наместо за предизвикување општа опасност сега се гони за поблаго дело загрозување на безбедноста во сообраќајот. објави дека го преквалификувал делото – од „предизвикување општа опасност“ во поблагото „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, кое носи казна до една година затвор или парична казна. Претходното дело предвидуваше затвор до три години.

Се работи за техничка промена според начелото на специјалитет – новото дело ја опфаќа истата суштина, но е попрецизно формулирано, објасни Марковски.

Обвинението против Зоран Јованов се однесува на тоа дека во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година му дозволувал на својот син Васил, кој немал возачка дозвола и бил рецидивист во сообраќајни прекршоци, да управува со неговото возило. По несреќата на прес-конференција родителите на криминалецот се правдаа дека тој им го украл автомобилот.

Таткото на Фросина Кулакова, кој, исто така, беше присутен на денешното судење како јавност, по рочиштето изјави дека е невообичаено што истата судијка суди по овој предмет, исто како и за предметот против Васил Јованов и најави кривична пријава за тоа.

Следното рочиште е закажано дури за септември.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел објави фотографија од иранска ракета: „Испукана е по примирјето“
Следна Статија Европратеник на Орбан го блокираше бугарскиот шовинистички амандман за „модерен“ македонски јазик!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Скопјанец пронајден починат, познат неговиот идентитет

На 30.03.2025 во 16:24 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Радишани, во патничко возило „мерцедес“, сопственост…

March 31, 2025
ХРОНИКА

Старица измамена за 2500 евра од лажен доктор

На 19.12.2025 во 13:40 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријави дека истиот ден била измамена од машко…

December 20, 2025
ХРОНИКА

Пожар во автосервис, опожарени четири патнички возила

На 05.01.2025 во 22:14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Љубин, општина Сарај, настанал пожар во објект, сопственост…

January 6, 2025
ХРОНИКА

Десет обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба…

May 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?