Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи
ХРОНИКА

Татко го удирал синот за да го исфрли од дома, на детето му се затемнило пред очи

Објавено April 7, 2025 20:34
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“ од член 201-а од Кривичниот законик. На 5 април, како што информираат од ОЈО, осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година.

Кон детето, посочуваат, се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во еден момент го фатил за дуксерот во делот на вратот, го повлекол и почнал да го исфрла кон ходникот. Потоа со рака го удрил во задниот дел од главата, со што му нанел повреда од која оштетеното дете почувствувало затемнување пред очите, вртоглавица и болка, а осомничениот продолжил насилно да го турка синот кон излезната врата од домот.

-Со оглед на тоа што осомничениот е претходно осудуван, а против него се води уште една постапка за телесна повреда нанесена при семејно насилство, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од повторување на делото, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор, соопшти ОЈО Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шефот на најголемата американска банка го „одврза јазикот“ против царините на Трамп
Следна Статија (ВИДЕО) Драма во хотелот на Роналдо во Маракеш: Избувна пожар, а гостите бегаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

23-годишник од Волково обвинет за полови дејствија врз петгодишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 23-годишен маж од скопско Волково, осомничен дека извршил полови дејствија врз девојче…

November 18, 2025
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потрвди за МИА…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Две лица пукале кон полицијата во Дебар за да не ги запре

Вчера во 23.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато, при преземање на мерки…

December 20, 2024
ХРОНИКА

Палевски планирал од Турција да оди во Минск, па во Москва, открило ЈО во пораките од телефонот

Иако неговиот возач претходно сведочеше дека Палевски му кажал дека имал закажано операција во Истанбул, според обвинителството тој сепак имал…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?