Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ТЕЛЕГРАМА ДО СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ: Сите пријавени за семејно насилство да се повикаат во станица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ТЕЛЕГРАМА ДО СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ: Сите пријавени за семејно насилство да се повикаат во станица
МАКЕДОНИЈА

ТЕЛЕГРАМА ДО СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ: Сите пријавени за семејно насилство да се повикаат во станица

Објавено March 3, 2026 19:23
Сподели
Сподели

Сите полицајци во државата ќе добијат телеграма со јасни насоки како да постапуваат при сомнежи за семејно насилство, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој соопшти дека секое лице кое ќе биде посочено како можен сторител на семејно насилство, без разлика дали станува збор за маж или жена, ќе биде повикувано на информативен разговор во полициска станица.

– За секој ваков случај каде што ќе имаме доза на сомнеж, па макар и најмал сомнеж, секој што ќе биде посочен дека е сторител на семејно насилство ќе биде повикан на информативен разговор – изјави Тошковски.

Тој појасни дека телеграмата ќе биде испратена уште денес до сите полициски службеници на територијата на државата и дека ваквото постапување е овозможено со Законот за полиција.

Министерот се обрати на прес-конференција вчера  на која говореше и за трагедијата во скопски Карпош, каде мајка и шестгодишно дете загинаа по пад од зграда, само два часа по пријава во полиција за несогласувања меѓу сопружници.

Тошковски ги повика граѓаните кои ќе сведочат на семејно насилство веднаш да го пријават случајот во полиција. Тој најави и посебна проверка на постапувањето на институциите во случајот во Карпош, со акцент на координацијата со Центар за социјална работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Српски авион евакуираше Македонци од Египет
Следна Статија Погодена најголемата американска база во Катар (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АХВ: Градоначалникот на Кочани глумејќи инспектор ја оцрнува нашата стручност

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро го осудува обидот на в.д градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, за оцрнување…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителот Цветановски повторно на функција: Очекувам новата комисија многу посериозно да ги земе предвид моите наводи

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно ја извршува својата функција во Вишото јавно обвинителство Скопје откако Советот на јавни обвинители едногласно…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Реконструирано одделението за управни работи на МВР во зградата на МТВ

Во зградата на Македонската телевизија денеска и официјално беше отворен вториот дел од реконструираното одделение за управни работи. На настанот…

May 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Вечерва во 20.30 часот започнува акцијата за чистење на Скопје

Орце Ѓорѓиевски, кој победи во вториот круг од локалните избори во недела, денеска го доби увернието за избран градоначалник. Чинот…

November 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?