Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Три лица добија куќен притвор, 19 жалби одбиени во врска со трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Три лица добија куќен притвор, 19 жалби одбиени во врска со трагедијата во Кочани
ХРОНИКА

Три лица добија куќен притвор, 19 жалби одбиени во врска со трагедијата во Кочани

Објавено March 27, 2025 14:14
Сподели
Сподели

Основниот суд во Кочани информира дека постапувал по 22 жалби поднесени од осомничени за пожарот во Кочани од кои одбиени се 19 жалби и за тие лица останува мерката „притвор“, додека за поранешните градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат мерката „притвор“ е заменета со „куќен притвор“.

– По донесените 24-решенија за определување на мерката притвор, беа поднесени 22-дваесет и две жалби од осомничените. По жалбите постапуваше Совет од тројца судии (од член 25 став 5 од ЗКП) на Основен суд Кочани и одлучи за 19-деветнаесет осомничени жалбата да се одбие и остане определната мерка притвор, додека за 3-тројца осомничени мерката притвор е заменета со куќен притвор,и согласно член 144, чл. 146 став 1 т. 3 од ЗКП е определена и мерка на претпазливост -привремено одземање на патна или друга исправа за преминување државната граница односно забрана за нејзино издавање, појаснуваат од Основниот суд во Кочани.

Против одлуката на Основниот суд од Кочани за замена на притворот со куќен притвор за двајцата поранешни градоначалници се поднесени жалби од страна на Основното јавно обвинителство пред Апелацискиот суд во Штип по кои се постапува.

– Против 1-едно од решенијата на Советот од тројца судии (од член 25 став 5 од ЗКП) на Основен суд Кочани со кое е приначена мерката притвор со куќен притвор, нема изјавено жалба и истото е правосилно, велат од Основниот суд во Кочани.

Во притвор останува актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, а околу 200 беа повредени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) „Помалку ќе се здебелам, спасот е во калинката“: Вучиќ налути многумина со новата снимка
Следна Статија Д-р Николов: На пациент повреден во пожарот во Кочани му е направена трансплантација на лице

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маскирани лица со оружје ограбиле обложувалница во Струга

На 16.01.2026 во 23:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во спортска обложувалница во село во струшко, две маскирани…

January 17, 2026
ХРОНИКА

Нападот на Раде Штекли беше најавен на ТикТок: „Скопје, Керамидница карши Ист Гејт! Стиже катаклизма, љуби те брат

Нападот со бомба на Раде Штекли беше најавен на социјалната мрежа на ТикТот. Имено, на ТикТок како најава е објавено…

November 14, 2024
ХРОНИКА

Две малолетнички паднале од електричен тротинет и тешко се повредиле

Две малолетнички се тешко повредени откако паднале додека се возеле на електричен тротинет. Како што информира МВР, незгодата се случила…

November 16, 2025
ХРОНИКА

Приведен маж: Ја тепал својата сопруга,а во полиција го пријавила ќерката

На 31.05.2025 година во 20:20 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.К.(47) од Тетово, постапувајќи по…

June 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?