Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трка за гувернер на Народната Банка – Времето истекува, одлуката се уште неизвесна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трка за гувернер на Народната Банка – Времето истекува, одлуката се уште неизвесна
ЕКОНОМИЈА

Трка за гувернер на Народната Банка – Времето истекува, одлуката се уште неизвесна

Објавено May 9, 2025 19:34
Сподели
Сподели

Се помалку време останува за избор на нов гувернер на Народната Банка. 7-годишниот мандат Анита Ангеловска Бежоска истекува за неполни две седмици, а претседателката Гордана Силјановска Давкова се уште нема одлучено околу нејзиниот избор и не излегла со конкретен предлог за кандидат кој ќе треба да го гласа Собранието и кој би ја преземал функцијата.

Во игра за нов гувернер се повеќе имиња на професионалци во банкарската фела и во светот на финансиите. Гувернерката се уште нема соопштено дали сака да „се трка“ за нов мандат, на што законски има право.

Првата опција е токму тоа, таа да биде реизбрана на сегашната функција. Таа во изминатите седум години се соочи со бројни предизвици, да се соочи со последиците од Ковид кризата и војната во Украина, што предизвикаа раст на инфлацијата. Не само што неколкупати ја зголеми основната каматна стапка, туку и воведе законски измени за да ја зајакне стабилноста на банкарскиот сектор во земјава. За време на нејзиниот мандат,беше направен историски чекор во поглед на прекуграничните плаќања кога Македонија стана членка на Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА, но една од црните дамки во изминатите 7 години е и пропаѓањето на Еуростандард Банка во 2020-та година во најголемиот ек на пандемијата.

Едно од најистурените имиња за избор на нов гувернер е и поранешниот министер за финансии во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески. Тој својот кариерен пат го почнал токму во Централната банка, по што стана државен секретар, а потоа министер за финансии и вицепремиер за економски прашања. Неговата биографија вклучува и работа во Светска банка во Вашингтон кадешто бил водечки економист за развојни политики во одделението за операциони политики и услуги за земјите членки..

Неговиот претходник на местото министер за финансии Трајко Славески е исто така едно од најсериозните имиња за прв човек на НБМ. Тој е долгогодишен почитуван професор на Економскиот Факултет во Скопје и актуелен претседател на Советот на Град Скопје.

Поранешната Вицегувернерка на Народната Банка , Маја Кадиевска Војновиќ е исто така сериозен кандидат за посакуваното место гувернер на Народната Банака. Таа има сериозно долгогодишно искуство во областа на монетарната политика. Во моментов е членка на Надзорниот одбор на КИБС, како и член на Надзорниот Одбор на Стопанска банка Битола.

Според законските прописи, гувернерот се избира на предлог на претседателот на државата, а се гласа во Собранието на Македонија, за што е потребно просто мнозинство или 61 глас од вкупниот број пратеници во законодавниот дом.

Гувернерот има основна задача да ја претставува НБМ, ги претставува монетарната и политиката на девизен курс, одлучува за издавање дозволи на финансиски институции, ги одзема дозволите, ги контролира банките и слично.

Очекувањата се дека нема многу да се чека на избор на нов гувернер и дека прдлогот на Претседателот наскоро ќе пристигне на гласање во законодавниот дом.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претседателот на Европскиот совет в четврток во Скопје
Следна Статија Папата Лав 14ти ја одржа првата миса со порака за враќање на човечноста меѓу луѓето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и…

June 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Со ребалансот на Буџетот фокусот е на стабилноста, отчетноста и ефективноста во трошењето на јавните финансии

Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година

„Од октомври 2025 година, деловните банки од земјава ќе можат да се приклучат кон платните системи на Единствената област за…

April 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Минимално покачување на трошоците за живот: Синдикалната кошница порасна за 790 денари во јуни

Минималните трошоци за живот на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во однос на претходниот месец,…

June 20, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?