Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсена екс црногорска директорка позната по секс скандалот – возела со 202 километри на час
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Уапсена екс црногорска директорка позната по секс скандалот – возела со 202 километри на час
БАЛКАН

Уапсена екс црногорска директорка позната по секс скандалот – возела со 202 километри на час

Објавено March 31, 2026 18:09
Сподели
Сподели

Поранешната директорка на Дирекцијата за промоција и заштита на човековите права и слободи при Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора Мирјана Пајковиќ е уапсена поради управување автомобил со брзина од 202 километри на час на автопат, потврди Полициската управа за порталот Аналитика.

Како што соопштија, службеници на мобилната сообраќајна полиција ја контролирале Пајковиќ на територијата на Колашин.

„Именуваното лице е уапсено за пречекорување на максималната дозволена брзина – возење возило со брзина од 202 км/ч“, соопшти Полициската управа на веб-страницата на Икс.

 

Максималната дозволена брзина на автопат е 100 километри на час.

Мирјана Пајковиќ претходно се најде во центарот на вниманието откако во јавноста протекоа експлицитни (интимни) снимки, на кои наводно се гледаат неа и Дејан Вукшиќ, поранешниот шеф на црногорската тајна служба. Снимките се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа голем скандал во Црна Гора.

Пајковиќ тврди дека снимките биле дистрибуирани без овластување и дека таа била подложена на уцени и закани, за што го обвинува Вукшиќ.

Вукшиќ го негираше ова и возврати со обвинувања (вклучувајќи обвинувања за кражба и злоупотреба на телефони).

Двајцата поднесоа кривични пријави еден против друг и поднесоа оставки од своите јавни функции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лебот поскапува во неколку градови низ Македонија
Следна Статија УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ најави помилување за девојката што удри студентка со автомобил во Нов Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека ќе ја аболира од понатамошното кривично гонење, 25-годишната девојка која со својот автомобил…

July 17, 2025
БАЛКАН

Снимен е моментот на уривање на железничката во Нови Сад, граѓаните палат свеќи за 13- те жртви

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави вечерва дека е извлечено 13-то тело од несреќата што се случи во Нови…

November 1, 2024
БАЛКАН

Радев ја сака Македонија во ЕУ, но само со Бугари во Устав

Поранешниот претседател на Бугарија, Румен Радев кој сега со мнеговото движење влезе во трка за бугарската влада, во интервју за…

February 23, 2026
БАЛКАН

Дачиќ веќе дише самостојно, Вучиќ го посети во болница

Здравствената состојба на српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, значително се подобрува. По неколкудневна борба со тешка пневмонија, Дачиќ…

March 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?