Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украинците нападнале руски магацин за муниција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Украинците нападнале руски магацин за муниција
СВЕТ

Украинците нападнале руски магацин за муниција

Објавено July 3, 2025 07:37
Сподели
Сподели

Украина извршила напад врз руски магацин за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од регионот Донецк вчера, објавија и рускиот и украинскиот Телеграм канал.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледаат моќни експлозии во близина на пријавениот магацин, кој се наоѓа источно од градот Донецк, кој е под руска окупација.

Украинската армија не го коментираше нападот и засега нема информации за обемот на штетата.

Во меѓу време, Русија соопшти и за напад врз рускиот регион Липецк, каде загина жена на околу 70 години, а уште две лица беа повредени од остатоци од соборен украински дрон. Гувернерот Игор Артамонов соопшти дека урнатините паднале врз станбена зграда на периферијата на градот Липецк. Нема конечна проценка на обемот на нападот со украински дрон во областа Липецк и предизвиканата штета.

Украинската војска редовно напаѓа воени цели на територијата окупирана од Русија, како и длабоко во Русија, во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна против Украина.

Русија со месеци ја фокусира својата офанзива врз градот Покровск во Донецката област, кој е под постојан напад, а во последно време сè повеќе се обидува да ги пробие украинските линии кон соседната Дњепропетровска област – регион кој досега не е погоден од борбите. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие знаци ќе процветаат во јули- ги очекува одличен период
Следна Статија Денеска е голем празник-Св.Наум Охридски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп се закани со царини од 200 отсто за алкохолните пијалоци доколку ЕУ не ги укине царините за виски

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека ќе воведе царини од 200 отсто за сите вина и други алкохолни…

March 13, 2025
СВЕТ

Орбан му ја честиташе победата на Маѓар во Унгарија

Виктор Орбан се обрати пред јавноста откако беа пребројани најголемиот дел од гласовите на изборите. Тој го призна поразот на…

April 13, 2026
СВЕТ

(Видео) Маскирани лица пукаа со калашникови во близина на метрото во Брисел, во тек е голема потрага

Белгиската полиција трага по вооружени лица откако беше пријавено пукање на една од метро станиците во белгискиот главен град. На…

February 5, 2025
СВЕТ

Лидерите на ЕУ се согласија да ѝ дадат заем на Украина од 90 милијари евра, но без користење на „замрзнатиот“ руски имот

Лидерите на Европската Унија (ЕУ) се согласија да ѝ обезбедат заем од 90 милијарди евра на Украина за да може…

December 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?