Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре е Спасовден – најсреќниот ден во годината
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Утре е Спасовден – најсреќниот ден во годината
МАКЕДОНИЈА

Утре е Спасовден – најсреќниот ден во годината

Објавено May 21, 2026 04:53
Сподели
Сподели

Верниците утре го прославуваат Спасовден, празник кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Духови и секогаш е во четврток.

Овој голем празник е посветен на Христовото Вознесение, кога, според верувањата, Христос по воскреснувањето се вознел на небото и им оставил порака на своите ученици да ја шират верата по целиот свет. Токму затоа, Спасовден се смета за ден на спасот, воздигнувањето и благословот.

За овој празник се врзани многу верувања и суеверија, кои во некои краишта се уште се почитуваат.

За Спасовден се колеле јагниња, а старите верувале дека од Нова година до Спасовден не треба да се пие млеко. Се верувало дека на Спасовден мажите не треба да се бричат, жените да се мијат, а децата да се бањаат.

На Спасовден никако не треба да се спие преку ден, за да не се дреме цела година.

На тој ден богатите после одењето од црква повикувале гости на ручек, а помалку богатите го продолжувале дружењето пред црква, каде народот се собирал и веселел.

Според верувањето, на овој ден, богот на громот Перун ги победил земјоделските култури со гром и град, а божеството Спас со помош на жито во раката ги спасил земјоделските култури. Поради тоа, на некои места остана обичај да се заколат јагниња за Спасовден.

Крстот е составен дел од ритуалот на Спасовден. Луѓето во некои делови сè уште веруваат дека на денот на Спасителот, секој мора да направи крст од гранчиња на лешници. Кој подоцна се поставува на ливади, полиња или на покривите на куќите … каде и да е потребна заштита од демони и зли дела. Во минатото верувале дека овие крстови ќе ги спасат од зло во текот на целата година.

На овој ден, во повеќе села се организира литургија со поворка предводена од свештеници кои шетаат низ црквата и кажуваат молитви.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новата регулатива на ЕУ за „Booking“ и „Airbnb“
Следна Статија Сашко Кедев добитник на плакетата за „Европска личност на годината“ за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денес почнува дебатата за Предолг-извештајот на Вајц за Македонија

Европскиот парламент ја повторува својата целосна поддршка на континуираната и доследна посветеност на Македонија за приклучување кон ЕУ и на…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село…

December 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Образованието конечно станува приоритет

Во вечерниот подкаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на темата за зголемувањето на платите…

November 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Влада: СДСМ ја лаже јавноста, сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ, реагираат од владата на Република Македонија. Ресторанските услуги…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?