Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија
МАКЕДОНИЈА

Филипче: НАТО членството е најсилниот штит за Македонија

Објавено March 6, 2026 08:37
Сподели
Сподели

Членството на Македонија во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста и стабилноста на државата и на граѓаните, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

Филипче посочи дека сега во светот има кризи како што е на Блискиот Исток, се покажува колку значат државничките одлуки што ги носеше владата на СДСМ, а благодарение на кои Македонија денес е во најмоќниот воен сојуз, што е најсилниот штит за државата.

„Конечно е јасно во ситуација кога има кризи на повеќе места во светот што значеле државничките и визионерски би рекол политики на СДСМ во минатото. Кога сме дале политичка жртва по цена на сопствениот политички рејтинг да се донесат тешки одлуки, но сме станале земја членка на НАТО. Дел сме од најсилниот одбранбен сојуз во светот“, рече Филипче.

Тој додаде дека актуелните глобални безбедносни предизвици уште повеќе ја нагласуваат важноста од членството во НАТО и одговорните политики што ги носеше СДСМ, а кои гарантираат безбедност на државата.

„Еве денеска кога летаат ракети и над Турција и кога Турција со своето одбранбен систем како земја членка на НАТО тие ракети ги приземјува, а ракетите може да се заменети и кон европска земја на пример Кипар, нашите граѓани треба да бидат свесни и да знаат дека СДСМ  секогаш во својата историја наназад 3 децении се грижи пред се за иднината, сигурноста на граѓаните и на земјата“, нагласи Филипче.

Во интервјуто, Филипче нагласи граѓаните треба внимателно да ги следат и оценуваат политичките ставови и кредибилитетот на политичарите, потсетувајќи на несполнетите ветувања на премиерот Мицкоски меѓу кои за поништување на Преспанскиот договор, за враќање на името на државата.

„Што значи тоа, прво дека не може да му се верува односно дека и тогаш не ја кажувал вистината, граѓаните мораат знаат што е аргументирано издржано а што не е и затоа сакам да ги потсетам дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата со ЗНАМ дојдоа на власт една лажна националистичка кампања и реторика“, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Само што почнавме, вели министерот за одбрана на САД
Следна Статија Mostbet demo rejimdə pulsuz casino oyunları – necə işlədiyini anlamaq

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МВР: Кандидатите за Средното полициско да не се отпишуваат од матичните училишта пред завршувањето на селекцијата

Учениците што ќе конкурираат за прием во Средното полициско училиште „7 Мај“ не треба да се отпишуваат од училиштата во…

July 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Изгласана интерпелацијата за Весна Дамева

Со 77 гласа Собранието на Македонија денеска изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија

Бројни неправилности, нетранспарентност и низа прекршувања на внатрешните прописи, управните и законските процедури констатирала ревизијата во Министерството за економија што…

February 6, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска за Филипче: Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?

Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?