Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФИФА очекува една милијарда евра приход од СП за жени, почнувајќи од 2031
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФИФА очекува една милијарда евра приход од СП за жени, почнувајќи од 2031
СПОРТ

ФИФА очекува една милијарда евра приход од СП за жени, почнувајќи од 2031

Објавено May 14, 2025 18:10
Сподели
Сподели

ФИФА планира во иднина да оствари приход од една милијарда долари од светските првенства за жени, почнувајќи од и во проширен формат со 48 репрезентации, најави денеска претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

„Гледаме значаен, експоненцијален раст во женскиот фудбал“, рече Инфантино на Саудиско-американскиот инвестициски форум во Ријад.

Како и Светското првенство за мажи, кое ќе се зголеми од 32 на 48 екипи и од 64 на 104 натпревари од 2026 година, така и Светското првенство за жени се прошири од 24 на 32 репрезентации во 2023 година, а бројот на селекции ќе се зголеми на 48 почнувајќи од 2031 година.

„Нашата цел е да генерираме една милијарда долари приходи од Светското првенство за жени, или околу 890 милиони евра, за да може овие средства да се реинвестираат во женскиот фудбал“, додаде Инфантино.

Претседателот на ФИФА не постави рок за постигнување на таа цел, иако следните три домаќини се веќе познати: Бразил ќе биде домаќин на Светското првенство во 2027 година, а засега САД и Велика Британија се единствени во трката за домаќини на Мундијалите во 2031 и 2035 година.

Според податоците на ФИФА, од последното Светско првенство кое во 2023 година се одржа во Австралија и Нов Зеланд бил остварен приход од над 570 милиони долари. За споредба, продажбата на правата за Светското првенство во машка конкуренција во 2022 година донесе заработка од 6,3 милијарди долари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
Следна Статија Папите не смеат да изберат само едно име, знаете ли кое?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

„Да го направиме Вардар повторно голем“, се огласи новиот сопственик од Унгарија

Новиот сопственик на Вардар, Атила Бижен Жалили, во писмо испратено до медиуми најави итна консолидација на финансиски, организациски и резулатски…

October 11, 2024
СПОРТ

Што се случува? Jaмал пак се повреди

Учеството на крилниот напаѓач на Барселона Ламин Јамал во натпреварот од 18. коло на шпанското првенство против Атлетико Мадрид е…

December 16, 2024
СПОРТ

(Видео) Барселона преку Атлетико до финалето на Купот

Барселона се пласира во финалето на Купот, откако во реваншот во Мадрид го победи Атлетико со 1:0. Првиот меч одигра…

April 3, 2025
СПОРТ

Вардар добро тргна против Бенфика, но застана

Вардар од гостувањето во Лисабон се враќа без бодови. 40-35. Иако мечот го го почна добро во финишот на полувремето…

February 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?