Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФИФА ќе воведува мртва топка и при пенал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФИФА ќе воведува мртва топка и при пенал
СПОРТ

ФИФА ќе воведува мртва топка и при пенал

Објавено July 18, 2025 18:11
Сподели
Сподели

Од Светското првенство во 2026 година ќе се воведе „мртва топка“, големи промени ќе бидат направени и во VAR системот – генерално, тој ќе биде доста драстично различен во споредба со сега…

Contents
  • Мртва топка
  • Британците oдлучуваат

Првата промена се однесува на промените кога станува збор за VAR системот. Конкретните предлози се дека во иднина VAR ќе може да суди корнери и втори жолти картони на истиот играч, со оглед на тоа дека тоа би значело исклучување.

Мртва топка

Фудбалските фанови ќе ја најдат промената особено интересна кога станува збор за пеналите. Предлогот е да се воведе „мртва топка“. Во случај голманот да одбрани удар од белата точка, или играч да ја погоди стативата, играта би била запрена во тој случај. Тоа би била радикална промена во споредба со претходниот систем каде што играчите би можеле веднаш да ја бркаат топката. Меѓународната фудбалска асоцијација смета дека оваа промена би им користела на двата тима, бидејќи се смета дека тимот што ќе го добие пеналот веќе има голема предност бидејќи играчот е неколку метри поблиску од другите.

Доколку овие предлози бидат усвоени на состанокот на IFAB во ноември, тогаш гласањето би се одржало во март следната година. Ова би обезбедило новите правила да бидат имплементирани веќе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

Британците oдлучуваат

За одобрување на новите правила, како и на претходните, потребни се минимум шест гласа од максимум осум. IFAB има четири гласа (Англиската фудбалска федерација, Шкотската фудбалска федерација, Велшката фудбалска федерација и Ирската фудбалска федерација – по еден глас), а ФИФА четири гласа во име на остатокот од светот.

IFAB е единственото тело кое официјално може да ги менува правилата на фудбалската игрa

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Преминал од Шкаљарски во Кавачки клан, завршил со 15 куршуми
Следна Статија Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ѓоковиќ против Меншик за титулата во Мајами

Новак Ѓоковиќ доби неочекуван ривал во финалето на Мастерсот во Мајами. Србинот го победи Григор Димитров со 6:2, 6:3, а…

March 29, 2025
СПОРТ

Кузмановски: Горд сум на овие момци, дадоа се од себе за Македонија

Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација Филип Кузмановски постигна осум голови на мечот со Франција и по натпреварот изјави дека…

January 26, 2025
СПОРТ

(Видео) Оклахома во финалето на НБА – Шеј повторно е MВП

Кошаркарите на Оклахома се пласираа во финалето на плејофот на Американската професионална кошаркарска лига (НБА). Во петтиот натпревар од финалната…

May 29, 2025
СПОРТ

Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров е презадоволен од изданието на неговите избраници на денешниот натпревар со Катар. Македонија во…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?