Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки
СПОРТ

ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки

Објавено March 24, 2025 22:31
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи вечерва во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење.

„Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека ФФМ нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација. Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една недела“, соопшти ФФМ.

Реакцијата доаѓа откако претходно денеска весникот „Слободен печат“, повикувајќи се на неименувани изври од затворот „Шутка“, објави дека поранешниот фудбалер и македонски репрезентативец Данчо Масев, кој пред два месеци беше именуван за директор на фудбалската А-репрезентација на Македонија, од пред една недела е во притвор.

„Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го ставаме на органите на Законот во државата. Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс без да се акцентираат личните постапки, а каква било одговорност ќе биде утврдена од законските органи“, се додава во соопштието на ФФМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од први април минималната плата во Грција ќе биде околу 880 евра
Следна Статија Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Трајковски освои бронза на Балканијадата во Грција

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски освои бронзен медал во скок во далечина на Балканските игри што се одржуваат во Волос, Грција.…

July 27, 2025
СПОРТ

Голема победа на Њујорк Никс, ЛА Лејкерс пред елиминација (ВИДЕО)

Кошаркарите на Њујорк Никс триумфираа против Детроит Пистонс со 94-93 и поведоа со 3-1 во серијата од плејофот од НБА-лигата.…

April 28, 2025
СПОРТ

Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар…

August 19, 2025
СПОРТ

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомeтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?