Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел
ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата се приближија до 102 долари за барел

Објавено April 13, 2026 18:12
Сподели
Сподели

Цените на нафтата на меѓународните пазари денес пораснаа и се приближија до 102 долари за барел, поради загриженоста на инвеститорите дека американската поморска блокада на Иран ќе го намали снабдувањето од регионот околу Персискиот Залив.

На лондонскиот пазар, со нафта се тргуваше по цена повисока за 6,65 долари во однос на затворањето од минатата недела, при што пазарите беа потресени од најавите за американските мерки против иранската нафта.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја најави поморската блокада по неуспешните преговори во Исламабад, што дополнително ги зголеми стравувањата од ескалација на конфликтот и нарушување на глобалните енергетски текови.

Во извештаите се наведува дека американските поморски сили би можеле да воспостават контрола во Оманскиот Залив и Арапското Море, со што би бил ограничен поморскиот сообраќај поврзан со Иран.

Техеран ја оцени ваквата блокада како „пиратство“ и предупреди дека ќе одговори доколку неговите пристаништа бидат загрозени, што дополнително ги зголемува тензиите во регионот.

Според податоците од пазарните анализи, испораките на иранска нафта продолжуваат, но инвеститорите стравуваат дека новите мерки би можеле значително да ја нарушат глобалната понуда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маѓар: Унгарскиот народ одлучи да припаѓа на ЕУ и НАТО
Следна Статија Прилепчанец се возел во Неготино со над три промили алкохол во крвта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вистинската битка во вештачката интелигенција не е во чиповите – туку во ефикасноста на пресметката

Компанијата има структурална предност во трошоците која ја позиционира како најголем добитник во областа на вештачката интелигенција

November 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените по кафаните во јули повисоки во однос на лани

Во јули цените на угостителските услуги се зголемиле за пет проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот…

August 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема да има каменолом во близина на Страчинце, вели Меџити

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека во ресорот со кој раководи била донесена негативна одлука…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова

Министерството за финансии утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница.…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?