Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“
МАКЕДОНИЈА

Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“

Објавено April 8, 2025 11:07
Сподели
Сподели

Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува евентуална нова хируршка фаза.

Во „Пирогов“ остануваат да се лекуваат уште четворица други повредени во Кочани.

Прес-центарот на болницата соопшти дека четворицата кои остануваат во болницата се во тешка, но стабилна состојба и се на интензивна нега. Во тек се бројни интервенции за нивно оправување.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа повредени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“, а другите во болниците во Пловдив и Варна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Сакаме да изградиме механизам кој ќе делува брзо, ефикасно и бескомпромисно против корупцијата
Следна Статија Запленети автомобили, 126 килограми тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и женски обувки со потпис на познати модни брендови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија ЦУК: Поради свлечиште загрозени се четири куќи во тетовското село Шипковица

Поради обилните врнежи од дожд што го зафатија западниот дел од државата, преку единствениот број за итни повици – 112…

November 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Двајца судии од македонско потекло во Судот за правда на Онтарио

"Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со гордост го одбележува овој историски момент за македонско-канадската заедница, со назначувањето на судијата Луис (Лу)…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова по средбата со Пармелан: Да се концентрираме на реформските предизвици

Во рамки на официјалната посета на швајцарскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Ги…

April 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Имаме надлежност само за градби од А категорија, наместо спектакли, градоначалничката на Скопје да излезе со градежна инспекција на терен

Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?