Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски: Скопје добива брз, модерен и целосно еколошки автобуски превоз – БРТ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски: Скопје добива брз, модерен и целосно еколошки автобуски превоз – БРТ
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Скопје добива брз, модерен и целосно еколошки автобуски превоз – БРТ

Објавено March 27, 2026 14:44
Сподели
Сподели

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговараше за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и граѓаните.

По средбата, градоначалникот најави воведување на брз, модерен и целосно еколошки автобуски превоз, кој ќе претставува значаен исчекор кон унапредување на јавниот транспорт во Скопје. БРТ системот е замислен како „метро на тркала“, со посебни сообраќајни ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила, што ќе овозможи побрз, посигурен и предвидлив превоз.

Проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, воведување на современи нископодни автобуси на CNG/хибриден погон, како и поставување на паметни станици и информативен систем за патниците. Воедно, системот ќе биде целосно интегриран со управувањето на сообраќајот во градот.

Особено беше нагласено дека трасата на БРТ нема да поминува низ средишното зеленило, со што се заштитуваат важни природни ресурси, вклучително и водоснабдувањето на градот. Наместо тоа, системот ќе се движи по крајните сообраќајни ленти, а дополнително ќе се предвиди ново зеленило како природна бариера.

Со реализацијата на овој проект се очекува значително намалување на сообраќајниот метеж, скратување на времето на патување и намалување на загадувањето. БРТ претставува стратешка инвестиција во иднината на Скопје и чекор кон достигнување европски стандарди во јавниот превоз и урбаното живеење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила
Следна Статија Реакциите од Грција се очекувани,кажа Мицкоски откако Меланија употреби само Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната на дел од обвинетите изнесе серија забелешки за работата на Обвинителството…

December 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Матарела на средбата со Сиљановска-Давкова: ЕУ не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал…

May 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос: Фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен…

January 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години

На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?